05 Декември, 2025
0.0318

Доцни исплатата на грозјето од „Винеа“ лозарите незадоволни

Објавено во: Агробизнис 08 Март, 2013 15:14

Добивај вести на Viber

Во тек е исплатата на заостанатите средства за грозјето предадено во 2009, 2010 и 2011 година од страна на винарската визба „Винеа”, соопшти денеска претседателот на регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија” од Кавадарци.

„Вистина е дека исплатата доцни и не се почитува докрај ветеното зашто требаше да заврши до петти овој месец. Но, исплата сепак има. Не сме задоволни од динамиката, но засега не можам да кажам што точно ќе преземеме за да извршиме притисок плаќањето на заостанатите обврски кон лозарите да се забрза. Конечната одлука ќе треба да се донесе на ниво на „Агротиквешија”, изјави Аризанов.

По неколкудневни протести со блокада на патот Неготино - Прилеп кај Росоман, лозарите и „Винеа” се договорија грозјето од трите години да се плати до 5 март, а тоа од 2012 до законскиот рок, 30 април оваа година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?