28 Ноември, 2024
0.0274

Dow Jones зајакна на 15.056 поени

Објавено во: Свет 08 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

По прв пат во историјата берзанскиот индекс Dow Jones во вторникот ја проби границата од 15.000 поени, а ново рекордно ниво на Wall Streat вчера оствари и S&P 500, што во голема мера се должи на неочекувано добрите економски вести од Германија. Dow Jones  зајакна за 0,58 отсто, на 15.056 поени, S&P 500 порасна за 0,52 отсто, на 1.625 поени, а Nasdaq индексот беше во плус за 0,11 отсто, на 3.396 поени. Доброто расположени на берзата се должи на неочекувано силниот раст од 2,2 отсто на индустриските нарачки во Германија во март. Аналитичарите очекуваат пад на нарачките за 0,5 отсто, па овој податок ги поттикна надежите дека јакнењето на најголемата европска економија би можело да поттикне излегување на еврозоната од рецесија во вториот дел од годината. Благодарение на овој податок, вчера пораснаа цените на акциите  на девет од 10 сектори во индексот S&P 500, при што најголем добитник, со раст од 0,7 отсто, беше енергетскиот сектор. По вчерашниот раст, индексот S&P 500 ја зголеми својата добивка од почетокот на годината а 14 отсто. Таквиот нагорен тренд, без значителни корекции на цените, се должи на многу лабавата монетарна политика на најголемите централни банки на светот, како и на солидните деловни резултати на компаниите. Многу аналитичари очекуваат натамошен раст на берзите, но некои сметаат дека ќе уследи пад со оглед дека состојбата во светските економии не е сјајна, и покрај поттикнувачката монетарна политика, а нема нови вести кои би дале ветер во грбот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ПУТИН ЈА ПОДГОТВУВА „КРАЛИЦАТА“: Моќниот „Сармат“ се става во оперативна готовност

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

ГЕРМАНИЈА СТАНУВА РИГОРОЗНА КОН АЗИЛАНТИТЕ: планира да депортира 16.000 мигранти во Хрватска, авионите веќе пристигнуваат

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?

БРИТАНИЈА ТАЈНО ДОСТАВИЛА РАКЕТИ НА КИЕВ: Колку „Сторм Шедоу“ имаат на располагање?