29 Мај, 2024
0.0274

Дожд и до 30 литри на квадрат - кога времето ќе се стабилизира?

Објавено во: Македонија 16 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. 

На места ќе има и појава на грмежи, посебно во југоисточните делови од земјата.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се движи од 14 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со појава на грмежи. Дневната температура ќе достигне до 22 степени. Во Маврово максималната дневна температура ќе биде 14, Охрид 19, Битола 22, Кавадарци 23, Крива Паланка 21, Берово 20, Дојран 25 степени. 

Од денеска во попладневните часови до четврток се очекува нашето подрачје да биде под влажен и нестабилен воздушен бран. Ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд. На одредени места ќе има и нестабилна облачност со повремен пороен дожд и грмежи, особено денеска и утре.

Обилни врнежи се очекуваат во јужните и источните делови на Македонија, а во некои делови се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог.

Температурата на воздухот ќе опадне за 5 до 6 степени.

Од четврток во попладневните часови се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето. 

Можеби ќе ве интересира

ДИМИТРОВ ЗА КАТИМЕРИНИ: Можеме премногу да загубиме, а премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат

ДИМИТРОВ ЗА КАТИМЕРИНИ: Можеме премногу да загубиме, а премалку да добиеме ако тргнеме по деструктивниот пат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Верифицирани мандатите на 118 пратеници, Африм Гаши е новиот собраниски претседател

БОГОЕВ: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат

БОГОЕВ: Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не да се сликаат

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

„ВРЕДИ“: ДУИ застанува на иста линија со антизападната Левицa

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

(ВИДЕО) СЕ ЗАНИМАВАЛ СО МУЗИКА, БИЛ ПУБЛИЦИСТ: Кој е Африм Гаши?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

ИНЦИДЕНТ: Маж го нападна Курто Дудуш во просториите на Општина Шуто Оризари

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

Прво обраќање на Мицкоски од собраниска говорница: Се извинувам за однесувањето на Левица

76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието

76 ГЛАСАА „ЗА“: Африм Гаши е избран за претседател на Собранието