Добивај вести на Viber
Бербата на црвената пиперка ајварка позната како “куртовска капија“е во полн ек, но земјоделците стравуваат од намален род. Обилните дождови што деновиве ја зафатија земјава, негативно ќе влијаат врз оваа сорта на пиперки, бидејќи бербата е во тек. Дождовите може да доведат до гниење на културата , да уништат дел од родот. Ова може да предизвика зголемување на цената на оваа пиперка што е главена суровина на преработувачките капацитети, но и на граѓаните за подготовка на претстојните зимници. Дел од преработувачките капацитети веќе го почнаа откупот.
- Бербата е во тек, ние откупуваме, но ако продолжат дождовите одреден процент од производството може да биде уништено, што е фактор плус за зголемување на малопродажните цени на овој производ. Земјоделците се загрижени за производството. Во моментов откупната цена се движи од 18 до 20 денари за килограм за прва класа пиперки, 12 денари за пониските класи. Очекуваме да имаме доволно суровина, но имаше и значителен извоз, така што дискутабилна е суровината. Се зависи од пазарните услови, дали Русија ќе одлучи да купува црвена пиперка од нас или од Турција, и тоа ќе се одрази врз годинешното производство. Инаку ние потребите за црвената пиперка во целост ги задоволуваме од домашното производство,
вели Виктор Петков, директор на компанијата “Випро”.
Годинешното производство на црвената пиперка се проценува на 50 до 60 милиони килограми. Црвената пиперка е најважната суровина за преработувачката индустрија. Според истражувањето на
Македонската Асоцијација на преработувачи, количините на откупена црвена пиперка од преработувачките капацитети во 2012 година завземаат 58 отсто од вкупното откупено количество на суровина. Тоа е речиси 30 отсто повеќе во споредба со откупот на индустриската црвена пиперка во 2009 година. Црвената пиперка во преработувачката индустрија најмногу се употребува за производство на индустриски и домашен ајвар, лутеница и сечкани пиперки. Податоците покажуваат дека индустрискиот ајвар е производ кој најмногу се произведува во преработувачката индустрија. Лани 18 отсто од вкупното производство на преработки отпаѓа на индустрискиот ајвар, потоа следува производството на домашен ајвар, лутеница, сечкани пиперки и други преработки од зеленчук и вовошје. Преработувачката индустрија за овошје и зеленчук е извозно ориентирана гранка од која во буџетот годишно се инкасираат близу 50 милиони евра.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: