Добивај вести на Viber
Реката Драгор се изли во Битола, а погодени се населените места Горно и Долно Оризари. Проблеми има во повеќе пелагониски села поради дождот кој од раните утрински часови, непрекинато повеќе од 10 часа паѓа во Битола и битолско, пренесе МИА.
„Предмалку заврши итната седница на општинскиот Штаб за заштита и спасување на која донесовме мерки за брзо справување со надојдените води во реката Драгор кои се излеаа во населбите Горно и Долно Оризари и во селото Лера, но проблеми има и во неколку други села. Ангажиравме механизација, багери и други ресурси за превентивно делување. Потенцијала опасност може да биде и високото ниво на Црна Река која сега е на висина од 3,60 метри, но по 24 часа се очекува зголемување на нивото и на оваа река“, изјави Димче Јошевски, раководител на одделението на Дирекцијата за заштита и спасување.