Доживотно осуден напаѓачот на сопругот на Ненси Пелоси
Објавено во: Свет 30 Октомври, 2024
Судот во Калифорнија осуди маж на доживотен затвор без право на помилување, откако пред две години упадна во домот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и го нападна нејзиниот сопруг ,тогаш на 82 години, со чекан.
За време на судењето, големата порота во Сан Франциско го обвини канадскиот државјанин Дејвид Де Пап за киднапирање, грабеж и незаконско задржување на постаро лице. Претходно во мај, Де Пап беше осуден по федералните обвиненија на 30 години затвор, која сега ќе се одлежува истовремено, јавува Би-Би-Си.
Семејството Пелоси се надева дека пресудата ќе испрати јасна порака до другите дека „нема да се толерира политичко насилство врз избраните функционери или членовите на нивните семејства“. Забележано е дека на 28 октомври 2022 година, Де Пап, кој живее во Соединетите Американски Држави две децении, упаднал во семејната куќа на Ненси Пелоси во Калифорнија со чекан во рацете и го прашал нејзиниот сопруг, Пол Пелоси, каде е Претседателката на Претставничкиот дом на САД.
Кога полицијата пристигнала по повикот, ги затекнала Пелоси и Де Пап како држи чекан. Неколку моменти откако беше побарано да го фрли оружјето, Де Пап насилно го удри Пелоси пред да биде соборен на земја од полицијата.
Покрај фрактурата на черепот, Пелоси се здобил со повреди на раката и дланката. За време на федералното судење, Де Пап призна дека планирал да ја земе Ненси Пелоси како заложник и да ја испрашува пред камера.