14 Јануари, 2025
0.0246

ВАЖНА ВЕСТ – ГЕРМАНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРУЖЈЕ ГРАДИ ФАБРИКА ВО СТРАНСТВО: Инвестирани 180 милиони евра

Објавено во: Свет 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Германскиот производител на оружје Рајнметал гради фабрика за производство на артилериски гранати во Литванија, која ќе започне со работа кон средината на 2026 година, се вели во соопштението на компанијата.

Претставници на литванската влада и германскиот концерн потпишаа договор за закуп на земјиште за изградба на фабрика и договор за набавка на муниција со калибар 155 мм.

Фабриката Рајнметал ќе биде лоцирана во литванскиот град Баисогала на површина од околу 340 хектари.

„Литванија прави понатамошен чекор кон зајакнување на својот одбранбен сектор. Фабриката ќе започне со работа во средината на 2026 година и ќе произведува десетици илјади артилериски гранати од калибар 155 мм годишно“, се вели во соопштението на Рајнметал.

Се додава дека во проектот се инвестирани 180 милиони евра и дека ќе се отворат околу 150 работни места.

Извршниот директор на Рајнметал, Армин Папергер, се заблагодари за укажаната доверба.

„Нашата аспирација е и останува Rheinmetall да биде еден од столбовите на националната и меѓународната безбедност. Ова долгорочно партнерство со Литванија уште еднаш го потврдува тоа“, рече тој.

Премиерката на Литванија Ингрид Шимоните истакна дека дијалогот меѓу литванската влада и Рајнметал се заснова на взаемно разбирање на неопходноста и итноста на овој проект.

„Нашите одбранбени потреби, важноста на најкратките можни синџири на снабдување и силното сојузничко партнерство меѓу Литванија и Германија ја нагласуваат потребата да се задржи моментумот додека продолжуваме да работиме во истиот дух на соработка“, рече таа.

Во јуни оваа година Рајнметал и литванскиот министер за економија и иновации потпишаа договор за основање на германската одбранбена компанија Рајнметал во Литванија.

Проектот доби статус на „од национално значење“, се наведува во соопштението.

фото: EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Можеби ќе ве интересира

МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка

МУ ДАЛА ОГРОМНА СУМА ПАРИ: Лажен Бред Пит измамил Французинка

ТВРДАТ ДЕКА ОВА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО НА ЗЕМЈАТА: Полски град му нуди замок на Илон Маск

ТВРДАТ ДЕКА ОВА Е НАЈДОБРОТО МЕСТО НА ЗЕМЈАТА: Полски град му нуди замок на Илон Маск

ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач

ПРОНАЈДЕН Е МРТОВ ВО МОСКВА: Убиен е руски спортист и контраразузнавач

ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

ИМААТ НОВ ТОВАРЕН ДРОН: Русите го нарекоа ТРАМП

ТЕЛОТО Е НАЈДЕНО ВО УНИШТЕНИОТ ДОМ: Холивудската актерка Дејлис Кари настрада во шумските пожари во Лос Анџелес

ТЕЛОТО Е НАЈДЕНО ВО УНИШТЕНИОТ ДОМ: Холивудската актерка Дејлис Кари настрада во шумските пожари во Лос Анџелес

„УБАВО Е И ВО ВАШАТА ТАТКОВИНА“: Мигранти во Германија добиле лажни авионски билети со ваква порака

„УБАВО Е И ВО ВАШАТА ТАТКОВИНА“: Мигранти во Германија добиле лажни авионски билети со ваква порака

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

РУСКИ ПРАТЕНИК: Трамп би можел да се согласи на поделба на Гренланд на неколку делови

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?

(ВИДЕО) ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Авионите фрлаат розев прав - за каква супстанца се работи?

КОЈ СТОИ ЗАД МОНСТРУОЗНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС?! Објавена е застрашувачка теорија!

КОЈ СТОИ ЗАД МОНСТРУОЗНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС?! Објавена е застрашувачка теорија!