РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

Објавено во: Свет 02 Декември, 2024
Руската армија напредува во Украина. Москва контролира 18,4 отсто од украинската територија. Руските сили окупираа област еднаква на Сингапур во ноември.
Институтот за проучување на војната (ISW) објави најнова мапа на која се гледа дека руската армија напреднала 725 квадратни километри во ноември. Тоа е најмногу во еден месец од март 2022 година.
Во Доњецк, руските сили постигнаа 90 отсто од тој напредок во ноември. Украинската војска сега контролира помалку од една третина од тој регион, споредено со 1 јануари кога таа контролираше над 40 отсто.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување на територијата на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.
Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
ТРАМП РАЗГОВАРАЛ СО ПУТИН: Преговорите за крај на војната во Украина почнуваат веднаш

СЕ ОГЛАСИ РУСИЈА ПО ПРЕДЛОГОТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе прифатат размена на територии?

ПРОДОЛЖЕНИ КОНТРОЛИТЕ НА ГЕРМАНСКА ГРАНИЦА: „Ја туркаме нерегуларната миграција“

„ЌЕ ГИ ЗАМОЛИМЕ САД ДА НЕ ОСЛОБОДАТ ОД НАЈАВЕНИТЕ ЦАРИНИ“: Австралија и Јапонија бараат изземање од одлуките на Трамп

НА ДАНСКА Ѝ СЕ ПОТРЕБНИ СОНЦЕ, ПАЛМИ РОЛЕРКИ - ПОТПИШУВААТ ПЕТИЦИЈА ДА ЈА КУПАТ КАЛИФОРНИЈА: Данците му се спротивставија на Трамп со иста мерка
НА ДАНСКА И СЕ ПОТРЕБНИ СОНЦЕ, ПАЛМИ И РОЛЕРИ: Петиција за остварување на сонот, Данска да ја купи Калифорнија

ФИЦО: Информацијата дека Трамп сака да ја укине УСАИД е сериозна за Словачка

ТРАМП ИМ ДАДЕ РОК НА ХАМАС: Да ги ослободат заложниците, инаку ќе биде лошо

ЖИТЕЛИТЕ НА ИЗМИР СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Морето се повлече повеќе од 200 метри поради земјотресите на Санторини
