Дознајте која болест на очите се лекува со методата Крос линкинг
Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2016 08:10
Иако живееме брзо и динамично, грижата за здравјето на очите не треба да ја занемаруваме. Колку повеќе сме поинформирани за очните болести, толку побрзо ќе реагираме за да го спречиме нивниот развој.
Се’ позастапена е болеста на очите наречена кератоконус која се манифестира со промена на обликот на рожницата, односно таа значително се истенчува, сенадувува како балон, а таквата состојба доведува до слаб вид. Нема конкретна причина за појавата на кератоконусот. Може да биде генетски наследен, но во денешно време е толку многу застапен што сите случаи не може да се врзат исклучиво за наследни.
Болеста најчесто се појавува кај помладата популација. Има случаи каде кератоконус е дијагностициран кај деца на возраст од 6-7 години, но најчесто на возраст од 15-20 години. Колку е пациентот помлад, напредувањето на болеста е побрзо, а прогресија е можна до четириесеттата година кога возраста е природна бариера во напредувањето на болеста.
За среќа, во Систина Офталмологија, на Одделот за рефрактивна хирургија, специјалистите офталмолози имаат решение и за оваа, но и за сите другиваши очни дилеми.Доколку нешто во окото ве пече, чувствувате болка, очите ви се црвени, не одложувајте и закажете преглед кај офталмолог за да може со квалитетен третман да ја лекува секоја ваша состојба на очите.
Во оваа очна клиника, се применува методата крос линкингсо која се зајакнува ослабената колагенска врска меѓу рожницата и на тој начин се забавува или сопира понатамошното напредување на болеста кератоконус.
Се изведува околу два часа, во локална анестезија со капки, така што зафатот е целосно безболен. Вистинските резултати по крос линкинг се проценуваат по 6 до 12 месеци по зафатот кај возрасни пациенти,а кај деца потребни се и до 24 месеци.

“На семинарот, на кој беа присутни офталмолози од цел свет,преку
низа предавања, разменивме искуства и идеи за примената на крос линкингот како
третман со кој се лекуваат инфекциите на рожницата на окото и се приклучивме на
акцијата „Light for Sight” за рана детекција на кератоконус кај деца и млади во
светот”.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




