Дозвола за дигитално емитување побарале 60 телевизии
Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2013 11:04
До Советот за радиодифузија 60 телевизии доставија барање за промена на дозволата за емитување на програмата од аналогна во дигитална, што треба да почне од 1 јуни.
30 од нив одлучиле да емитуваат програма преку Digi TV платформата на компанијата ОНЕ, избраниот оператор за дигитално емитување на програмите, а 30 преку кабелски оператори.
- Сите 60 телевизии ќе добијат дозвола да емитуваат програма на дигитална платфора и ќе им важат од денеска, но официјално ќе им бидат врачени на 29 мај. Измените дозволи ќе им важат до датумот на важност на претходните дозволи, информира Трајчевски.
Од ОНЕ информираат дека со многу од телевизиите веќе имале разговори за техничките аспекти.
- Ние ја направивме дигиталната платформа. Законот овозможува емитувањето да биде и преку кабелски опаратор или сателитски, но сметам дека нашата Digi TV е најдобра затоа што покрива 92 проценти од територијата, а со тоа ќе се зголемат понудите на Бум ТВ. Плус со користење на ресивер на Бум ТВ наместо досегашните 45 телевизиски канали, ќе се добие можност за гледање на 60 канали. Ја има и можноста ресиверот да се носи со себе на планина, во викендичка и слично, рече на прес-конференција главниот извршен директор на ОНЕ Цирил Кафол.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





