20 Декември, 2025
0.0462

ДПА обвинува – ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го поставија цар Душан

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2013 22:27

Добивај вести на Viber

Споменикот на цар Душан и денеска ги раскара пратениците од албанскиот политички блок на собранискиот Комитет за односи меѓу етничките заедници. Копјата се кршеа околу тоа, кој дозволил да биде поставен овој споменик . Пратеникот на ДПА ,Орхан Ибраими, обвини дека ДУИ дале дозвола за споменикот, иако додава, цар Душан бил деспот кој убивал Албанци. Ибраими побара Комитетот да разговара за споменикот, за тепањето на албанските деца, и употребата на албанскиот јази, а нагласи дека растат етничките тензии во земјава. Во земјава, вели тој, со закон е уредено казнување за фрлање на отпушок на улица, па затоа не може да верувам дека Владата не може да најде кој го поставил споменикот на деспотот цар Душан. И Пратеникот Беким Фазлиу  ги обвини пратениците од ДУИ дека гласале во корист на пратеници од српската заедница. „Конечно се откри кој го донесе Душан, деспотот на Албанците во Скопје. ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ го сторија тоа“, истакна Фазлиу, обраќајќи се кон претседателот на Комитетот, Ермира Мехмети. Мехмети пак се правдаше дека гласале против, бидејќи немале материјали за предлогот на ДПА. Таа не го спомена споменикот на српскиот цар, но оцени дека сите Албанци со право имаат дилеми за овој случај. Споменикот на цар Душан се уште го чува полиција. Од МВР и по две недели од обидот за негово уривање, нема одговор за тоа кој го поставил и кој сакаше да го руши споменикот.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии