Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 13:07
На падините на планината Плачковица, во селото Аргулица, веќе четврта генерација пчелари со истата љубов и посветеност се грижат за малите, вредни жители на кошниците. Денес, таа традиција ја продолжува младиот Драган од Штип – човек кој верува дека мирот, тишината и златната боја на медот се најчистиот облик на среќа.
„Уште прадедо ми се занимавал со пчеларство. Во тоа време, за квалитетот на медот добивал признанија и златен медал во поранешна Југославија. Од него започнала нашата семејна приказна, која со гордост ја продолжија дедо ми и татко ми, сега ја продолжувам јас, а во иднина се надевам ќе ја продолжи и мојот син Давид“, ја почнува приказната за Женски магазин Драган Митевски.
Како дете, секое слободно време го поминувал со пчелите – меѓу кошниците, во мирисот на восок и цветен нектар.
„Одев со дедо ми татко ми и гледав што прават. Уште тогаш се роди љубовта кон пчелите. Денес, кога ќе застанам покрај кошниците, го чувствувам истиот мир како и кога бев дете“, открива тој низ насмевка.
Целата приказна прочитајте ја на Женски Магазин.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше
Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!
Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?




