11 Декември, 2025
0.0383

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 12:52

Добивај вести на Viber

Во Собранието денеска пристигна Предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

За натамошната процедура, од Собранието најавуваат дека ќе информираат дополнително. 

Постапката за разрешување на Коцевски, која беше запрена по трагедијата во Кочани, а привремено стопирана во изборниот период, продолжи со одлука донесена од страна на Владата.
 
Владата на завчерашната седница го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и најави дека ќе го достави до Собранието за натамошна постапка. Со ова Владата ја продолжува постапката што претходно беше поведена, но поради законски ограничувања за време на изборниот период беше привремено стопирана.

-Врз основа на членот 88 став 1 од Законот за јавното обвинителство, а по претходно добиено мислење од страна на Советот за јавни обвинители му предлага на Собранието од функцијата јавен обвинител на Република Македонија да го разреши Љупчо Коцевски, поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на Јавното обвинителство, рече портпаролката Марија Митева во образложението за усвојувањето на предлогот.

Митева нагласи дека разрешувањето се предлага поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што, како што рече, доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО. Според неа, неовластеното изнесување информации, податоци за судски предмети, со што е повредена обврската за тајност на постапката согласно закон, нарушување на угледот на Јавното обвинителство и неговиот личен углед, непостапувањето согласно обврските предвидени со Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, се  повреди што, исто така, ги направил Коцевски. Како последица на сторените повреди, во изминатиот период е „евидентна нарушената функционалност на Јавното обвинителство и сериозно е нарушен интегритетот на институцијата“.  

Владата, претходно на 11 февруари годинава донесе одлука да поведе постапка за разрешување на Коцевски. Но, само еден месец подоцна, таа постапка беше запрена по пожарот во нелегалната дискотека „Пулс“ во Кочани. 

Потоа на 26 јуни пратеничката група на Левица поднесе интерпелација за државниот јавен обвинител, како што наведоа „поради нефункционална состојба во обвинителството, неажурност во постапувањето и надворешни политички влијанија врз неговата работа". На 29 јули пратениците во Собранието со 71 глас „за“ изгласаа интерпелација на државниот јавен обвинител. Постапката за разрешување на Коцевски, потоа беше запрена поради „законските ограничувања во предизборниот период“.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува брзо да се одвива целата процедура на избор на нов главен јавен обвинител на местото на Коцевски. За негативното мислење од страна на Советот за јавни обвинители по однос предлогот за разрешување на Коцевски, премиерот рече дека тоа е став на тоа тело, односно дека Владата има поинакво мислење.

Љупчо Коцевски за републички јавен обвинител беше именуван во Собранието 13 февруари 2024 година.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?