11 Декември, 2025
0.0472

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 12:59

Добивај вести на Viber

Единствениот актуелен политичар кој работел на населување мигранти во Македонија е Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ и притоа објавуваат документ во кој, како што велат, се гледа дека како министер во Владата на Заев, во 2018 година учествувал во носењето План за проект за изградба на прифатен центар за мигранти во Бардовци. 

Притоа, повторно демантираат дека во Договорот за стратешко партнерство што Владата го потпиша со Велика Британија постојат било какви одредби кои се однесуваат на мигранти.

- Во „Службен весник на Република Македонија“, на ден 26.01.2018 година, број 16, страна 189, точка 1.6, стои, цитирам „Изработка на државно урбанистичко-планска документација за прифатен центар на странци за потребите на Секторот за гранични работи и миграции при МВР на КП бр. 35, запишана во Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.“ 

Ова е поминато на Влада и за тоа Венко Филипче гласал со две раце. Овие мигранти кои тогаш Филипче сакал да ги прими, се истите тие мигранти кои сега прават проблеми во Европа. Да не беше притисокот од ВМРО-ДПМНЕ тогаш, денес ќе имаше мигранти во Македонија - рече на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. 

Единствениот актуелен политичар кој работел на населување мигранти во Македонија е Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ и притоа објавуваат документ во кој, како што вела, се гледа дека како ми

Потенцира дека „Венко Филипче и СДС имале партиска и државна политика за населување мигранти“ и оти овој документ којшто го покажа на прес-конференцијата доказ за тоа.

Сè додека Филипче е во опозиција, како што истакна Лефков, во Македонија мигранти нема да има.

- Сакаме најостро да негираме дека во Договорот со Обединетото Кралство постојат било какви одредби кои се однесуваат на мигранти. Она за кое се зборува и добро го споменавте вие како дел од ФРОНТЕКС и ние како Влада и власт е зајакнување на мигрантската политика, зајакнување на државните граници, зголемување на контролата на државните граници и тоа на повеќе начини, преку зголемување на законодавната надлежност, на надзорот над границите. 

Самиот премиер најави по примерот на Сејф Сити и Сејф Кантри, еден проект кој ќе овозможи и видео надзор и зајакнување на сите гранични премини што ќе значи не, само контрола на илегалните мигранти, туку контрола при шверц или обиди ли обиди за тргување со одредени недозволени супстанци - рече Лефков во одговор на новинарско прашање.

Според него, појаките и поздрави посигурни граници значат поголема сигурност на граѓаните. Затоа, вели, злоупотребата на вакви теми е навистина штетна за општеството и државата и ја од партијата ја оценуваат како крајна манипулаторска. Уште еднап повтори дека илегалните мигранти и темата со миграти е целосна измислица.

- Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани. Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали. Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти. 

На оваа тема се гледа лицемерието, грдото лице на Филипче и неговото манипулаторство и расипаност во политиката наложено од неговиот ментор Зоран Заев. Јасно е дека мигранти нема да има, но Филипче најави протести, измисли декларација и вештачка тема. Затоа, додека го прави тоа, целата јавност мора да знае дека Венко Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци - потенцира на прес-конференцијата Лефков.

Според него, ваквото манипулаторство значи дека крадецот вели „држете го крадецот“, кога човек со сомнителни морални особености се претставува како праведен, а нечестен криминалец се претставува како чесен адвокат на правдата.

- И декларацијата и темата за мигрантски кампови се обиди само за спас на криминалите на Заев и Филипче. Тој е единствениот политичар во Македонија кој СДС го спушти на 130 илјади гласови, ја направи петта по големина партија во град Скопје, организира протест на измислена тема и нуди декларација за тема што не постои. Му препорачуваме да повика на марш за заштита на зимзелените дрва на Марс. Бидејќи колку што има зимзелени дрва на Марс, толку ќе има и мигранти и тука. Па оттука, нека протестира и за тоа, кога веќе нема друга работа и на ваков расипан, гнасен начин го потценува сопствениот народ, рече Лефков.

Тој додаде дека низ нашата историја како држава сме виделе многу работи, но, нагласи „ваков карактер со вакви психолошки тенденции не сме сретнале“. 

- Но, во клиниката на СДС за креирање „заевци“, кои без образ и со низок морал се подготвени сè да направат извршувајќи туѓи агенди и остварувајќи лични интереси, очигледно производството заглавило на истиот модел – Заев 1.0. 

Народот јасно гледа, а членовите на СДС се срамат од овој двоец кој, освен што го има киднапирано СДС, ја контаминира и Македонија. Предавничко-криминалниот двоец ќе биде декласиран. А стравот од борбата против корупцијата која доаѓа не можат да го сокријат со измислени теми. Смрди од тука до Софија - истакна Лефков.

Претходно денеска лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче на пресконференција изнесе свои ставови на темата „увоз на мигранти“. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?