11 Декември, 2025
0.0462

Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2025 14:28

Добивај вести на Viber

По серијата реакции од жителите на Лисиче околу функционирањето на забавниот парк „Зимзоленд“ и дилемите за тоа кој е одговорен за неговото поставување и контрола, надлежните институции спроведоа вонреден и координиран инспекциски надзор на локацијата. 

Општина Аеродром по прашањата на Женски магазин, појасни дека увидот бил извршен на 10 декември 2025 година, во 17 часот, врз работата на правното лице „Мега Луна 25“ ДООЕЛ Битола – компанијата задолжена за организацијата на манифестацијата.

Во заедничката акција учествувале повеќе институции, кои делувале во рамките на своите законски надлежности. Тим составен од Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување извршил целосен увид на терен, со цел да се утврди техничката исправност, законитоста и безбедносните услови под кои работи забавниот парк.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека нивниот градежен инспектор започнал официјална инспекциска постапка согласно со Законот за градење, Законот за инспекциски надзор и Законот за општа управна постапка. Постапката се однесува на утврдување дали поставените реквизити и објекти се во согласност со прописите и дали постојат основи за нивно отстранување.

Со овој чекор, општината формално ја активира законската процедура што треба да утврди дали „Зимзоленд“ е поставен и работи во целосна согласност со правилата и дали ги исполнува минималните стандарди за безбедност на посетителите, особено децата, кои се примарна целна група на манифестацијата.

Целата вест на Женски магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Андоновски против забрана за социјални мрежи како во Австралија: Родителите да внимаваат повеќе на децата!

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?

Шилегов: Како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија?