19 Декември, 2025
0.0421

Драгана Каловска: Сакам да оддадам почит на илинденците и нивното дело за слободна Македонија

Објавено во: Македонија 01 Август, 2017 06:26

Добивај вести на Viber

Драгана Каловска од Скопје е еднинствената девојка во групата  од 50- тината коњаници  од лисичката, мавровската, кичевската и гостиварската чета кои вчера пристигнаа во Крушево за да им оддадат почит на илинденците по повод големиот празник Илинден.

Оваа млада девојка вели дека со овој гест сака да им се поклони  на оние кои го дале животот за Македонија. На патот кон Крушево единствен  проблем  за нив биле високите температури кои деновиве ја зафатија Македонија.

„Патот од Скопје до Крушево помина во најдобар ред, физички напорно морам да признам заради температурите. И покрај големиот напор имаше голема дружба со момците од четата и од нашето здружение. Апсолутно цело Крушево излезе да нè пречека “ – вели таа.

Каловска раскажува дека секојдневно добива поддршка на социјалните мрежи бидејќи е прва жена која се вклучува во маршот,  но позитивни реакции имало и попат од луѓето кои ги среќавале коњаниците.

„Како единствено женско меѓу коњаниците морам да кажам дека сум премногу изненадена од тоа како реагираа и ме поздравуваа луѓето кои нè пречекуваа по пат. И благодарна сум на огромната поддршка која ја добивам секојдневно и на социјалните мрежи. Целта за моето пријавување на илинденскиот марш е мојата желба да оддадам чест и почит кон илинденците и нивното дело кон слободна Македонија. “ – објаснува Каловска.

Вели дека и наредните години за големиот национален празник,  не би се двоумела повторно да се придружи на коњаничките  чети кои  се упатуваат традиционално кон Крушево.

„Секако без размислување доколку немам работни обврски и имам можност би се пријавила повторно. Знаете како јавањето ви влегува ,,под кожа", се навикнувате со болката и на физичкиот напор,  останува само добриот спомен, и чувството дека правите нешто за почит кон татковината.Како помала ме качувале на коњ, но секогаш со придружба, ова е сосема нешто друго“ – вели Каловска.

По четиридневен пат, во Крушево пристигна традиционалната Илиденска коњаница, која  беше пречекана во центарот на градот, а потоа се упатија кон месноста „Гумење“.

Попат тие поминаа низ Долно Лисиче, Теово, Богомила, Стровја, Кривогаштани.

Деновиве во Крушево има голем број на културно - уметнички збиднувања во чест на празникот, а утре на Мечкин Камен ќе се обрати собранискиот претседател, Талат Џафери. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните

„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните