Драги Ѓорѓиев: Закажана техничка средба за да се надмине проблемот со придавката „македонски“
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2020
Претседателот на македонската билатерална комисија Драги Ѓорѓиев синоќа во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека во наредните денови ќе се одржи техничка средба со бугарските историчари во рамки на Мешовитиот комитет за да се надмине проблемот со употребата на придавката „македонски“.
- Придавката македонски е вториот проблем, записниците ги запишувавме согласно договорот, а употребата на придавката во самиот протокол. Кога ние ја употребувавме и кога го преточувавме тоа во протокол, до 6-тиот протокол немаше таков проблем, а започна со разгледувањето на 7-миот протокол на осмата средба во октомври.
Тоа произлегува од различното читање на Преспанскиот договор. Тие се повикуваат на некоја пракса во Европскјата унија. Се повикуваат на нота од нашетото министерство за надворешни работи во Обединетите нации, која е формулирана на основа на Преспанскиот договор, а главниот аргумент е дека ние сме тело на државата, а се што произлегува од државата треба да се именува како „тело на Република Северна Македонија“. Меѓутоа се што е етнички и културен македонски идентитет, ние имаме право да го користиме, рече Ѓорѓиев во студиото.
Покрај употребата на придавката „македонски“, вториот аспект на кој заглавиле комисиите е како Цар Самуил да се претстави во македонските учебници.
- Тие велат дека Самуиловото Царство да се каже дека е наследено од Првото бугарско царство, а ние сакавме да има две гледишта за учениците, но тука има простор за решение, рече професорот.
Надеж дека работите ќе мрднат има веќе следната недела кога ќе има нова средба на комисијата.
- Осмиот и деветиот записник останаа непотпишани, тоа сега ќе го дискутираме. Станува збор за техничка онлајн средба за придавката „македонски“ , а може да се закаже во четврток, петок или понеделник, во мини состав, не цела комисија, наведе тој.
Историчарот уште еднаш повтори дека јазикот и идентитетот не се предмет на дискусија во рамките на Мешовитиот комитет.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.