19 Април, 2024
0.0280

Драги Змијанац: Врсничкото насилство не престанува на улица или во училиштето, тоа продолжува и на социјалните мрежи

Објавено во: Македонија 11 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Да почнеме навремено, од најрана возраст да ги учиме децата на вредности. За жал оштеството и целиот систем не успева да се справи со предизвиците кои директно влијаат на материјалното и духовното осиромашување, вели Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ за зачестените случаи на врсничко насилство.

Смета дека како резултат на слобостите во воспитувањето на децата и падот на основните човекови вредности,  агресијата кај децата и воопшто кај младите расте.

„Генерално кај голем број деца владее осаменост, отуѓеност, агресија, страв и недоверба. Вредностите на љубовта, мирот, толеранцијата и хуманоста првенствено се учат дома,  во градинка  и на училиште. Доколку овие вредности се вкоренети и вградени во воспитно-образовниот систем и се семејни обврски,  тогаш нема да има пад на вредностите.  Секако дека падот на вредностите има директно влијание врз растечкиот степен на агресија и насилство кај децата и младите, но има и многу други причини за зголемената агресија“- вели Змијанац.

Тој објаснува дека живееме во општество каде последниве години примарно комуникацијата и однесувањето на луѓето честопати знаат да бидат агресивни, каде оние кои предизвикуваат конфликти се луѓе кои ги креираат законите, кои се во Собранието, собраниските комисии, во законодавната и извршната власт. Смета дека додека тие кои се на власт продуцираат таков начин на комуникација и конфликти, кои се пренесуваат директно на нивните политички и партиски следбеници и се регрутираат деца за одредени политички и партиски интереси, во Македонија не ќе може да се очекуваат суштински промени. 

„За жал булингот, односно врсничкото насилство меѓу децата и младите е сè позачестено и не престанува во домот, на улицата или само во училиштето, тоа често продолжува и преку социјалните мрежи,  преку интернет мрежите. Сајбер булингот се случува за време на часови, после часовите, децата и младите доживуваат разни напади, навреди на нивната приватност и личен интегритет преку социјалните мрежи. Сајбер булингот е често насочен кон повредување на достоинството и угледот што го има детето или младинецот кај останатите врсници. Често атакот е проследен со ширење лаги сè со цел жртвата на сајбер булингот да биде повредена, омаловажена или отфрлена од пошироката заедница. Денес во ерата на современите комуникациски системи и брзината на ширење на информација или дезинформации загрижувачка е бројката на психичките последици кои ги трпат децат и младите од компромитрација на социјалните мрежи“- вели Змијанац.

Смета дека во отсуство на недоволно развиен систем на воспитни мерки во градинките и училиштата, како и непостоење на соодветна едукација од областа на ненасилна комуникација, ненасилство, превенирање и препознавање на насилството, не може да очекуваме намалување на агресивното однесување меѓу децата и младите.

„Погубно е за општеството кога родители гледаат што се случува во училиштата, какво агресивно однесување или врсничко насилство трпат децата, а не можат ништо да сторат. Но, исто така загрижува и агресивното однесување кое се пренесува кај децата од семејството во училиштето.  Затоа е неопходно градење на култура за ненасилство уште од најрана возраст, во семејството и во институциите на системот почнувајќи од предучилишните установи па понатаму. Денес наставниците, воспитувачите, директорите на училиштата, локалната самоуправа, се исправени пред сериозни предизвици, соочени со очигледната потреба од конкретни активности со децата и младите, потребата за мобилизација на сите нивоа, да се работи со  децата и младите не само во намалување на агресивното однесување туку и превенирање и спречување на врсничкото насилство кое стана секојдневие во училиштата и училишните дворови“- вели Змијанац.

Но, додава дека во случаи кога насилството веќе е појавено, важно е и активното вклучување на соодветните служби од надлежните институции. 

Во насока на намалување на агресијат акај децата и младите, особено е важна улогата на психолошко педагошките служби во училиштата.

Mајка која на своја кожа почувствувала како е нејзиното дете да биде малтретирано од врсници, вели дека против оваа појава човек мора сам да се бори, иако не е моќен.

„Се вративме од Хрватска, дојдовме во нова средина, по што се случи моето дете во градинка да биде малтретирано. Отидов таму и разговарав, по што проблемот беше решен за среќа. Потоа во училиште истото се случуваше, мавање со гуми, тетратки, фрлање очила, и што уште не. Прво му вршев притисок на моето дете, но откако видов дека не бива, му реков дека прво треба да игнорира, па да ги опомене и ако треба да се брани од нив. Тука не можеме ништо, секогаш се наоѓа оправдување дека е детска игра“ – вели родител.

Во Македонија неодамна беше актуелен случајот со девојчето кое во „Ѓорѓија Пулески“ го исфрлија ученици преку прозорец, а од училиштето тврдеа дека немало лоша намера и дека се работело за детска игра, иако девојчето имаше повреди. Претходно во Неготино, девојчиња тепаа соученичка, а се појави и уште едно видео подоцна на кое се гледа како девојчиња си удираат шлаканици и клоци. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден