Драма на Шапка - Хеликоптерска акција за спасување на момче
Објавено во: Македонија 18 Декември, 2016 14:54
Вистинска драма се одвивала на Попова Шапка откако 17 годишно момче се лизнало на смрзната карпа претрпувајќи тешки повреди. Групата која го придружувала се обидувала да повика помош, најпрво телефонски контактирале со планинар кој им бил пријател, но потоа лоцирањето и комуникациите биле значително отежнати бидејќи ја загубиле телефонската конекција, најверојатно поради недоволна мрежна покриеност.
Малолетникот и уште четворица планинари останале заробени на Шапка неколку часа на студот, сè додека не биле пронајдени од нивни колеги.
Според информациите на МВР, изутринава во 1 и 35 часот, Д.Б. од Скопје пријавил во полиција дека во 1,15 часот телефонски му се јавил планинар кој со уште тројца планинари се движеле кон Титов Врв, за да му каже дека кај местото викано „Бакардан“ се случило несреќа во која 17 годишно лице од Скопје, се лизнало од замрзната карпа и се стекнало со повреди и е во тешка здравствена состојба.
По два часа, околу 3,15 часот кон местото каде што било пријавено дека се случила несреќата се упатиле двајца планинари опремени со соодветна опрема за пружање помош во посебни услови. Лицата биле пронајдени и со хеликоптер повреденото лице било префрлено до Скопје за укажување на медицинска помош.
На истото место, кај Бакардан вчера во дол падна и 34-годишна девојка, која за среќа не се здоби со сериозни повреди.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




