18 Декември, 2025
0.2110

Драма со породувањето и судењето на Јанкулоска

Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2018 08:48

Добивај вести на Viber

Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија(ГАК) изјави за „Независен“ дека досега не е стигнато барање од судот по кое гинеколозите би утврдувале дали поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска може да присуствува на судските рочишта.

Добрила Кацарска, судијка во предметот „Тенк“, минатата недела најави дека ќе бара судски вештак да ја преиспита медицинската документација на одбраната и да ја прегледа Јанкуловска за да утврди дали е способна да присуствува и да ги следи судењата. 

Јанкулоска испрати писмо во јавноста во кое се пожали дека била испратена на државна гинекологија, а не на друго место, каде што директорката Јовановска, според обвинетата во случајот „Тенк“, е „блиска пријателка на семејството на Зоран Заев“.

- Јас на работа сум докторка, а не нечија пријателка. И со Јанкулоска би се постапило како кон мајка со дете и кон стара прворотка, и како таква, од мене ќе биде максимално заштитена. Ме прозива лично, без да ме познава и без да има повод за такви прозивки. А, ако лично се прашувам, со неа би постапила како јас да сум на нејзино место и како што би сакала некој со мене да постапува. Ако правиме како што правеше некој претходно, ќе бидеме исти како нив. А, и не е христијански некому да му нанесуваш штета. Барем јас така сум воспитана - изјави Јовановска за „Независен весник“.

Јовановска вели дека и да треба да се направи вештачење на ГАК, тоа ќе го прави конзилиум од лекари, а не лично таа. 

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми