ИНДУСТРИЈАТА КРВАРИ: Драматичен пад на продажбата на сувомесни производи!
Објавено во: Агробизнис 07 Август, 2014 08:11
“ Овој период послабо купуваме сувомеснати, поради информациите за бактеријата” “Внимаваме од каде купуваме, но како да бидеме сигурни дека е само во тој производ, и дека е само во месната индустрија, може да ја има во овошјето и зеленчукот”. “Не поради листеријата, туку и вообичаено во лето помалку купуваме месо и сувомеснати производи”.Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавија дека испитувања ќе се вршат и кај овошјето, зеленчукот и увозните производи. Намален прометот во месарниците Секоја информација за болест или бактерија, поврзана со домашни животни директно влијае врз домашното производство, коментираат за Фактор бизнисмените од месната индустрија. Иако не сакаа јавно да зборуваат, потврдуваат дека овој период бележат намалување на продажбата на сувомеснати производи. Некои причината ја лоцираат во појавата на листеријата, други пак велат дека вообичаено секое лето поради високите температури продажбата опаѓа.
Факт дека има намалување на продажбата, и тоа многу повеќе од лани. Дел од причината е појавата на листеријата но дел е и во намалената куповна моќ на граѓаните. Овој период откако излегоа информациите за листеријата, се чувтсвува дека граѓаните внимателно купуваат, прашуваат од каде е производот, иметот на фирмата. Во вакви случаеви сметам дека секогаш треба да се кажуваат имињата на фирмите, бидејќи во спротивно губиме сите сме ставени во ист кош. Ние секој ден имаме контроли, од секој производ се земаат мостри и ниту еден производ не смее да излезе без дозвола, мора да има референтен број, вели за Фактор, сопственик на една од поголемите месни индустрии во земјава.Од кумановската месна индустрија „Екстра меин“ засега нема став за добиените резултати. Дали листерија има и кај други месарници? Дел од упатените во овој бизнис за Фактор коментираат дека дека имаат сознанија дека листеријата ја има и во дел од производите на уште неколку домашни компании не само од месната индустрија, но како што велат за нив е нејасно зошто не се обелоденуваат и имињата на другите фирми. Бизнисмените од овој сектор апелираат, надлежните да спроведат контроли и кај увозните сувомеснати производи. Сепак бизнисмените од месната индустрија очекуваат дека продажбата на месото и сувомеснатите производи ќе го задржи надолниот тренд, и дека штетите допрва ќе се пресметуваат. Слична беше состојбата и пред неколку години кога се појави птичјиот и свинскиот грип, и тогаш прдоажбата на месо и сувомеснати драстино се намали. Месната индустрија беше на колена и пред листеријата Дали последните случувања со листеријата ќе бидат уште една причина плус за тивкото тонење и згаснување на домашните компании од месната индустрија? Состојбата веќе подолг период е алармантна. Состојбата на пазарот се влошува, а месната индустрија тоне во криза, коментираат упатените во овој бизнис. Пред еден месец сопствениците на месната компанија “Римес” ставија клуч на врата, поради финансиски проблеми. Доверителите се откажаа од спас на компанијата за месна индустрија “Римес”, бидејќи компанијата имаа големи финансиски долгови. Бизнисмените коментираат дека и други компании од оваа индустрија се во слична состојба како “Римес”. Голем дел од компаниите обременети со долгови за кредити, работат неликвидно, и се обидуваат на секаков начин да ги подмират долговите, или ги зголемуваат цените на производите или пак ги намалуваат само за да се продаваат, и покрај тоа што на крајот немаат никаква добивка, објаснуваат бизнисмените од овој сектор. Причината за пропаѓањето на ваквите големи компании, ја лоцираат во лошите пазарни услови, намалената куповната моќ на поторшувачите и увозоните евтини месни преработки. Агробизнисмените укажуваат дека голем дел од компании од овој бизнис работат неликвидено и се заглавени со кредити.
Еден од клучните проблеми се увозните месни производи кои се произведени со евтина суровина и плус извозно субвенционирани, што не е случај со нашите производи. Од старт имаме проблем, на пример месото што доаѓа од Шпанија е конкурентно на нашето оти е субвенционирано, и тука се наоѓаме во нерамноправна пложба, бидејќи тие можат кај нас да извезуваат а ние не можеме да извезуваме во земјите од Европската унија. А Македонија околу 50 отсто од месото свежо и замрзнато го увезува. Од друга страна тука е нелојалната конкуренција од малите производствени погони во земјава кои немаат сертификати, немаат ХАСАП, не ставаат декларации на производите, работат во супституирани услови, а сепак продаваат во помалите месарници и градови и имаат поевтин производ оти не се оптоварени со давачките кои ние ги имаме, изјави неодамна за Фактор, Томе Бабунски, комерцијален директор на “Групацијата Агриа”.Вкупниот увоз на месо и преработки од месо во 2012 година изнесува 124,6 милиони евра, а извозот 30, 4 милиони евра. Девизниот прилив кој доаѓа од извозот на месни преработки изнесува околу 25 милиони евра. Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





