ДРАМАТИЧНО РАСТЕ ЦЕНАТА НА СТАНОВИТЕ - во првиот квартал поскапување за дури 12,4 проценти, кој го дува балонот
Објавено во: Економија 04 Мај, 2022 12:34
Не запира драматичното поскапување на становите во земјава. Податокот за првиот квартал од годинава го објави Народна банка на Македонија, а тој говори дека во првиот квартал цената на становите годишно се зголемила за 12,4 отсто, а само за еден квартал, поточно споредено со претходниот, растот изнесува дури 2,9 отсто.
Всушност, целата мината година становите поскапуваат, па така, во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот квартал поскапуивањето беше најголемо и изнесуваше 11,2 процента. Тој тренд, упште поостар, продолжува и во првиот квартал од годинава, кога растот на годишно ниво изнесува дури 12,4 отсто.

Од вкупно издадените 250 одобренија за градба во март годинава, 138 се наменети за објекти за високоградба.
Во периодот јануари – декември лани во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




