21 Јуни, 2024
0.0318

ДРАСТИЧЕН ПАД НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИ КОИ ПАТУВААТ НИЗ ГРАДОВИТЕ: градските и приградските превозници ги губат клиентите

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Се помалку граѓани ги користат услугите на јавниот превоз. Ова го покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика, кој објави дека во првото тромесечие биле превезени 10.766.000 патници, при што има големо намалување, бидејќи лани истиот период биле превезени 12.995.000 патници.

Притоа најголемо намалување има кај градскиот превоз, каде од 7.272.000 лица, бројот паднал на 5.657.000 превезени лица.

Од друга страна падот кај приградскиот превоз не бележи толку голема разлика. Лани во првите три месеци на приградските линии биле превезени 4.825.000 лица, додека оваа година 4.191.000 граѓанин.

Што се однесува пак до меѓуградскиот превоз, таму дури има благ раст на бројот на патници, па од 797.000 превезени лица лани, годинава таа бројка достигнала 849.000 лица.

Кај меѓународниот превоз исто така има намалување па од 102.000 патници лани, тие се намалиле на 69.000 во првите три месеци годинава.

Податоците покажуваат дека најмногу патници во меѓуградскиот превоз се превезени во Скопскиот регион, додека најмалку во Полошкиот регион. По Скопскиот регион, најмногу патници биле превезени во Пелагонискиот и источниот регион, иако далеку помалку од скопскиот регин, а по нив следуваат Југоисточен, Југозападен, Североисточен и Вардарски регион. Најдоле на листата е Полошкиот регион, каде се превезени најмалку патници.


Познавачите на состојбите за Фактор посочуваат дека вообичаено низ земјата, но и надвор од нашата земја повеќе се патува во текот на летните месеци, кои важат за период од годината кога граѓаните повеќе патуваат.

- Вообичаено летниот период повеќе се патува, па така очекуваме да биде и летово. Тешко е да се предвиди или да се проектираат бројки, колку патници се очекуваат, но вообичено летните месеци се превезуваат повеќе патници. Така беше и минатото лето, кога имаше голем интерес и за туристичките дестинации, но и за европските градови, особено за оние каде имаме иселеници. Традиционално се бараат карти за Швајцарија, Германија и Австрија најмногу. Линиите кон поголемите градови се редовно исполнети – вели нашиот соговорник, кој дополнува дека се очекува зголемување на патниците во следниот период.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници, во патничкиот патен превоз, во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766 илјади и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17,2 отсто.

Инаку, како што соопшти ДЗС бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22,2 проценти, во приградскиот превоз е намален за 13,1 отсто, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6,6 проценти, а во меѓународниот превоз е намален за 32,6 отсто.

-  Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12 проценти. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 8,6 проценти, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14,2 отсто, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27,7 проценти – се наведува во соопштението на ДЗС.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

АВТОБУСИТЕ СО ПРАЗНИЧЕН РАСПОРЕД ЦЕЛ ВИКЕНД: еве како ќе работат жичницата и билетарниците

АВТОБУСИТЕ СО ПРАЗНИЧЕН РАСПОРЕД ЦЕЛ ВИКЕНД: еве како ќе работат жичницата и билетарниците

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

МАКЕДОНЦИТЕ НАВАЛИЈА КОН ГРЦИЈА: еве колку се чека на граничните премини кон соседите - викендаши или на одмор?

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

КОМПЈУТЕРЏИИТЕ УБЕДЛИВО НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: еве кои струки се меѓу топ петте плати во земјава

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

МАКЕДОНИЈА И ПОНАТАМУ ВО ПОРТОКАЛОВО: времето и во текот на продолжениот викенд многу топло и спарно

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

„ЈАС НИКОГАШ НЕ МИСЛЕВ ТАКА“ - еве што објави Груевски по изјавата на Ципрас за промената на името

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Mицкоски го прифаќа предизвикот на Мицотакис за соочување на НАТО самитот

НИКОЛОСКИ: EУ има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото

НИКОЛОСКИ: EУ има многу механизми со кои може да ја натера Бугарија да го повлече ветото

ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?

ВИСОКО ЗАГАДЕН ВОЗДУХOT ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Дали е ова поради прашината од Сахара?

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки