Дрекслмајер доделува стипендии за најдобрите студенти
Објавено во: Мои пари 17 Април, 2015 18:10
Во рамки на својата стипендиска програма, Компанијата Дрекслмајер денес додели пет стипендии за најдобрите кандидати, кои аплицираа за Дрекслмајер стипендијата.
Стипендиската програма се однесува на студентите од Електротехничките и Машинските факултети од земјата, кои во моментот се во четвртата година од студиите. Таа опфаќа месечен паричен надомест во текот на следните шест месеци, како и овозможување на двомесечна пракса во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци.
По спроведените интервјуа и селекции беа избрани најдобрите кандидати, кои ги исполнуваат предвидените услови.
DRÄXLMAIER Group е глобална семејна компанија со седиште во баварскиот град Вилсбибург, која брои околу 55.000 вработени во повеќе од дваесет земји во светот.
Компанијата од своето основање во 1958 година развива и произведува модерни електрични системи, екслузивен ентериер и централни електрични и електронски компоненти, со јасен фокус на премиум сегментот во автомобилската индустрија.
Согласно долгорочната стратегија за поддршка на младите луѓе, нивниот професионален развој како и општествената одговорност која ја презема компанијата, Дрекслмајер како партнер на регионот има во план да ја прошири својата стипендиска програма и за студентите кои се во пониските години на студирање.
Стипендистите кои успешно ќе ги завршат студиите и ќе се истакнат со својот ангажман и активности за време на праксата, ќе имаат можност да потпишат договор за вработување и да се придружат на тимот на вработени во Дрекслмајер.
Можеби ќе ве интересира
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!





