ДРОН ГИ СНИМИЛ ТЕРОРИСТИТЕ ВО БАЊСКА: „Срби се осомничени за тероризам“, косовската полиција тврди дека политичар им бил предводник, еве кој
Објавено во: Балкан 27 Септември, 2023
Двајца Срби осомничени за тероризам во Бањска добија едномесечен притвор, по сослушувањето во судот во Приштина. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави видео на кое се гледаат вооружени лица во Бањска, кои, според Свечља, наводно се предводени од Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа.
Дрон кој прелета над манастирот Бањска сними десетина вооружени лица кои според МУП на Косово извршиле вооружен напад во неделата. Приштина тврди дека меѓу нив е и Милан Радојичиќ, потпретседателот на Српската листа. Ден претходно косовската полиција истакна дека пронашла документи и во напуштен автомобил кој наводно му припаѓал.
Видеото може да го погледнете тука.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.