06 Мај, 2024
0.0232

„Дружба си е дружба, Форца си е Forza“

Објавено во: Мои пари 07 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Во Македонија започнува со работа новото Финансиско друштво „Диџитал Фајнанс Интернешнл’’ ДООЕЛ Скопје, кое на своите клиенти ќе им овозможи во многу краток рок да добијат онлајн кредит. Друштвото го претстави својот производ, Форца кредит до плата, кој може да ви помогне во ситуации кога имате финансиски потешкотии.

Форца е брз кредит, за брзи решенија. Наменет за оние кои работат, но имаат екстра трошок до плата, за оние кои имаат месечни примања по разни основи, за пензионери до следната пензија итн.

Зошто Форца е поинаков кредит? Форца не е банкарски кредит и не ви се потребни десетици документи, долги чекања на шалтер, жиранти или залог.

Идејата на компанијата е дека луѓето нe секогаш имаат на располагање онолку средства колку што им се потребни во одреден временски период. Во било кој момент од животот може да наидеме на неочекувани ситуации кои бараат брзо решение, а тоа носи непредвидени трошоци.

За презентација на она што го нуди Форца, беше создаден и ТВ спот со популарниот актер и шоумен Игор Џамбазов, под мотото „Дружба си е дружба, Форца си е Форца“.

По тој повод, Џамбазов одговори на неколку прашања зошто го одбра токму овој бренд и реши да биде негово заштитно лице.

Што те привлече да станеш заштитно лице на бренд како Форца?

- Самото име. Форца - нешто што оди брзо!

Зошто ги препорачуваш брзите кредити Форца?

- Затоа што е брзо, лесно и едноставно - сите што имаат мобилен можат да дојдат до пари за многу кратко време.

За што ти би ги искористил брзите кредити на Форца?

- За секојдневни работи - кога малку ти недостига за да оствариш нешто.

ДФИ ви озможува брзо и едноставно онлајн аплицирање, но и брзо одобрување и трансфер на парите на вашата сметка. Вашиот финансиски проблем може да биде решен уште денес!

Во ДФИ го почитуваат вашето време и потреби. Ќе ви бидат потребни не повеќе од 5 минути за аплицирање и вие избирате колку средства ви се потребни и за кој временски период. Можете да аплицирате од вашиот дом, канцеларија, преку компјутер или мобилен, 24/7 без притоа да го нарушите вашиот комодитет.

Основач на новото финансиско друштво е „Финстар Финансиска Групација’’ од Москва, Русија која со својата ќерка компанија „Диџитал Фајнанс Интернешнл’’ ќе се претстави на македонскиот пазар. Мнозински сопственик и основач на „Финстар Финансиска Групација’’ е г-дин Олег Бојко.

***

„Финстар’’ групацијата се занимава со операции на финансискиот пазар, пазарот на информатички технологии, телекомуникациската индустрија и други комерцијални бизниси. Сопственикот на Финстар Групацијата г-дин Олег Бојко се занимава со банкарство од 1988 година, кога ја основал првата ИТ компанија која произведувала софтвер за финансискиот сектор. Г-дин Бојко, односно Финстар Групацијата, исто така е сопственик на финансиската група „4Фајнанс“ која работи во повеќе од 20 земји во светот, вклучувајќи ги Германија, Шпанија и САД, чија дејност е кредитирање на населението спојувајќи ги добрите искуства од информатичката технологија и финансиите.

Повеќе информации за можностите што ги нуди финансиското друштво ДФИ и нивниот Форца кредит до плата може да погледнете на официјалната веб страна www.forza.mk или да добиете на телефонскиот број 02/ 323 6666.


Можеби ќе ве интересира

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“