05 Декември, 2025
0.0386

Државата ги исплати долговите на „Повардарие“ и „Стефани винарија“

Објавено во: Агробизнис 04 Април, 2019 15:43

Добивај вести на Viber

 Државата им ги исплати на лозарите парите кои со години им ги должеа „Повардарие” и „Стефани винарија” за предадено грозје. Се работи за 77 милиони денари на 2.048 лозарски семејства за грозје од 2015 и 2016 година. 

Претходно, Владата одлучи да ги обесштети лозарите од буџетот, а потоа да ги наплати парите од винарниците кои имаа стари долгови кон нив. Ова денеска го соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Кавадарци. Министерот се заблагодари за соработката до градоначалниците и пратениците од регионот, Државниот инспекторат за земјоделство и Платежната агенција. 

-Ова е пример како во еден партнерски однос, заеднички, сите засегнати страни имаат волја и енергија, време, да се посветат на овие проблеми и проблемите на сите граѓани кои се наследени, да се решаваат. Тоа е функцијата на Владата и сите нас. Така и ќе продолжиме, изјави Николовски. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?