05 Декември, 2025
0.0338

Државата ги загуби конфискуваните 10-тина милиони евра од случајот „Диамед“

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Државата нема да ги добие парите што Вера Иванова ги наплати од продажбата на концесијата на дијализниот центар „Диамед“  за над 10 милиоони евра на шведски „Диаверум“. Средствата беа замрзнати околу шест години.

Со првостепена пресуда во 2023 беа конфискувани околу 11,5 милиони евра, но од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека во меѓувреме Иванова правосилно била ослободена и парите биле вратени назад.

„Предметот за кој покажувате интерес е правосилно завршен минатата година. Обвинетата во случајот доби ослободителна пресуда. Како резултат на исходот каде обвинетата е ослободена од вина, одмрзнати се паричните средства што беа замрзнати додека траеше постапката“, ни рекоа од ОЈО ГОКК.

Според обвинението од пред неколку години, целта на Иванова била да добие монопол на пазарот со 20-годишна лиценца и повеќекратно зголемување на вредноста на нејзиниот удел наместо вршењето дијализа. Конфискацијата изнесуваше над 11 милиони евра. Според првостепената пресуда, државата од Иванова требаше да конфискува 3,2 милиони евра, додека од правно лице ББИ Компани Генерал Солушнс Сервис ЛТД инволвирано во случајот, одредена беше конфискација од 8,2 милиони евра.

Кривичниот скопски суд пред две години досуди конфискација на сите пари стекнати со продажбата на Диамед и лиценцата за вршење на дијализа, како и условна затворска казна за обвинетата сопственичка на фирмата „Диамед“ Судот тогаш оцени дека Иванова, која како сопственичка на фирмата „Диамед“ ја добила лиценцата на тендер од Министерството за здравство, не смеела да ја препродаде фирмата на шведската компанија „Диаверум“ без да се изврши анализа на можностите на купувачот. Покрај злоупотребата, Иванова беше услоовно осудена и за перење на пари. Во целиот случај имаше и политичко-кумовска врска, бидејќи меѓу првично осомничените беше и првиот кум на екс премиерот Никола Груевски.

За ова прашавме и во Агенцијата за управување со одземен имот, дали евентуално големата сума на пари била конфискувана, па потоа вратена назад, но одговор не добивме ниту по една недела од испратените прашања. Во објавениот ревизорски извештај за работењето на Агенцијата за конфискација со девизната сметка, пишува дека во 2025 биле искористени 614 мииони денари за купување на девизи за поврат на средства по конечна пресуда, но од таму засега нема писмен одговор дали се работи за истиот случај.

А.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември