16 Октомври, 2018
0.2435

Државата го штити домашното производство, Агенцијата за храна и ветринарство врши редовни контроли на увозното брашно

Објавено во: Агробизнис 09 Мај, 2018

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку инспекторските служби на граничните премини, континурано го следи увозот на сите други  производи и врши редовна контрола, со цел да се обезбедат безбедни увозни производи на македонскиот пазар. Во таа насока АХВ континуирано врши редовни контроли при увозот на брашно не само од Србија туку и од другите земји, со кој што се  контролира дали маркиците се соодветно залепени на брашното и дали брашното има соодветна декларација. Доказ за тоа се повеќе вратени пратки во земјата на потекло поради незадоволување на законските прописи, изречени казни за пуштање во промет пред добивање на лабораториски резултати и поради незадоволување на квалитетот пренамена во сточно брашно. 

Во меѓувреме, тимовите од Република Македонија и Република Србија одржуваат континуирани средби и до 30-ти јуни се очекува усогласување и потпишување на двата договори од областа на безбедност на храна и  фитосанитарната соработка. Тоа ќе значи меѓусебно признавање на сертификатите од овие области што ќе придонесе за побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни македонски  производи.

Со потпишување на Договорот за соработка за безбедност на храна и ветеринарство, за 15 дена се крати времето на чекање за лабораториско испитување за млечните производи како јогуртот и млекото

Во делот на извозот на македонските преработки од месо, со меѓусебното признавање на сертификатите, двојно ќе се намалат цените за лабораторските испитувања (само за пример, анализата во Србија просечно е околу 500 евра, а кај нас лабораториската анализа која со договорот ќе биде признаена од Србија, изнесува 200 евра) а чекањето на граница за добивање резултати од анализите од 12 дена ќе се сведе на само 1 ден. 

Македонските извозници на градинарски култури, резултатите од анализите ќе ги добиваат за 1 ден, а не како досега за 2 до 3 дена, дополнително со признавање на сертификатите драстично ќе им се намалат трошоците за анализи. (Пример: Анализи за домати во РМ 690 денари а во Србија 2.630, драстично помали се и цените за другите производи

Република Србија нема да зема анализи за присуство на листерија од секоја пратка на македонските месни и млечни производи, туку истите ќе се земаат според Мониторингот за ризик

Во делот на извозот на македонски ориз, Република Србија ќе го признава македонскиот сертификат за ГМО, а радиоактивност ќе се испитува на самиот граничен премин. Досега за резултати од овие анализи македонските компании чекаа околу 5 дена, а сега директно ќе ја поминуваат границата. 

Сето ова беше на барање на македонските извозници.

Евиденцијата на маркиците кои се издаваат од МЗШВ за евидентирање на брашното пред пуштање на промет продолжува со целосна контрола од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, како на увозното, така и на домашното брашно. Преговорите со Република Србија во насока на изнаоѓање на решение од заеднички интерес во делот на контролните маркици продолжува.

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, е отворено за соработка со сите чинители во земјоделскиот сектор и на средба ќе бидат повикани и претставниците на мелничко-пекарската индустрија.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Николовски доби награда за особен придонес за развој на Крива Паланка

Министерот Николовски доби награда за особен придонес за развој на Крива Паланка