26 Ноември, 2024
0.0281

РЕДОВНИ ГАРАНЦИИ: „ДРЖАВАТА ЌЕ ГО ОБЕШТЕТИ МИТИЛИНЕОС АКО ИМА ВООРУЖЕН КОНФЛИКТ ИЛИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА“ – законот за стратешката инвестиција повторно пред пратениците

Објавено во: Економија 01 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Државата гарантира дека ќе го обештети инвеститорот во случај идната централа „МИТИЛИНЕОС“ да претпри штета ако има војна или пак вооружен грабеж, но и во случај на некој друг тип на вонредна состојба, револт, немири и востанија. Ова е наведено во новото, изменето законско решение за стратешкиот инвеститор „МИТИЛИНЕОС“ доставено во Собранието.

По бурните реакции поврзани со оваа стратешка инвестиција, која здружението на инженери ја посочи како најштетна од сите договори за стратешки инвестиции, и истакнуваа дека државата повеќе губи отколку што добива, законите беа повлечени, разгледани од Владата и сега се повторно во Собранието пред пратениците.

Што точно пишува во законот:

-  Во случај на претрпена штета во однос на стратешкиот инвестиционен проект како последица на војна или вооружен конфликт, револуција, вонредна состојба во државата, револт, немири или востанија, Република Северна Македонија му гарантира на стратешкиот инвеститор одобрување на реституција, обештетување, надомест или друго намирување, не помалку поволно од она што органите од овој закон го одобруваат на државјаните на Македонија или на државјани од која било трета земја, во зависност од тоа што е поповолно за стратешкиот инвеститор – стои во законот.

Исто така со новиот закон се дефинира дека  овој инвеститор ќе добие финансиска поддршка од државата и тоа во солидни 17 проценти од нивната инвестиција.

-  Стратешкиот инвеститор и Владата, претставувана од Дирекцијата, склучуваат договор за доделување на државна помош со кој се уредува доделувањето на државната помош. Врз основа на проценетата вредност на капиталот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект Владата му доделува на стратешкиот инвеститор финансиска поддршка во висина од 17 отсто од вкупната вредност на инвестицијата за реализација на стратешкиот инвестиционен проект – пишува во законот.

Всушност, станува збор за оние 49 милиони евра, кои и претходно и беа познати на јавноста.

И новото законско решение, како и претходното, за кое реагираа инженирите, предвидува дека сите спорови меѓу инвеститорот и државата би се „разгледувале“ надвор од земјава.

-  За решавање на сите спорови коишто се однесуваат на спроведувањето на стратешкиот инвестиционен проект и произлегуваат од или се поврзани со договорот за стратешки инвестиционен проект и договорот за откуп на електрична и топлинска енергија, или од кој било друг договор поврзан со спроведувањето на стратешкиот инвестиционен проект (вклучувајќи спорови за полноважноста на споменатите договори и дури доколку кој било од споменатите договори е поништен, укинат и/или се смета за неполноважен), соодветните страни ќе договорат надлежност на Меѓународниот центар за решавање на инвестициони спорови според Конвенцијата за решавање на инвестициони спорови помеѓу државите и државјаните на другите држави, потпишана во Вашингтон на 18 март 1965 година, со седиште на таквата арбитража надвор од територијата на Република Северна Македонија и таквата арбитража се смета за инвестициона арбитража – пишува во законот.

Предлагачите на овој закон истакнуваат дека целта на овој Предлог закон е реализација на инвестициониот проект когенеративна постројка што претставува еден од проектите со највисок стратешки приоритет за државата. Според нив, со оваа постојка, треба да се постигнат целите до 2040 година во однос на декарбонизацијата и енергетската ефикасност, и целите на политиката за енергетска транзиција преку подобрување на флексибилноста на системот да интегрира повеќе капацитети на обновливи извори на енергија врз основа на базна енергија произведена преку стратешкиот инвестиционен проект. Со неа се очекува подобрување на енергетската ефикасност на ниво на производство на топлинска енергија со употреба на комбинирани постројки, односно зголемување на капацитетите за централно греење.

Воедно во законот е нагласено дека ќе се намали загадувањето на воздухот во Скопје во зимо, но и трошоците на здравствениот систем како резултат на намалување на заболувањата предизвикани од загадувањето на воздухот. Треба да се зголеми количеството на топлинска енергија од капацитет со најсовремена опрема за производство и по цени пониски од цената на регулираниот производител.

Според нив инвестицијата ќе придонесе за стабилност на цената на електрична енергија на долг рок поради договорената формула за утврдување на тарифата за енергија произведена од постројката, како и за цените за топлинска енергија.

Во законот јасно е наведено дека стратешкиот инвеститор има ексклузивно право на стратешкиот инвестиционен проект, што вклучува проектирање, финансирање, осигурување, изградба, сопственост, управување и одржување на постројка за комбинирано производство на електрична и топлинска енергија, вклучувајќи ги нејзините дополнителни и помошни системи, со вкупна инстралирана моќност од 130-165 MWe и 90-105 MWth, како и сите други објекти, опрема, инфраструктура, подвижни и недвижни ствари потребни за изградба и соодветна употреба на постројката.

Стратешкиот инвестиционен проект ќе се реализира на подрачјето на општина Гази Баба, на простор избран или одобрен од стратешкиот инвеститор и определен со урбанистички план за подрачја и градби од државно значење. Вредноста на капиталот за реализација на стратешкиот инвестиционен проект останува иста или 290.000.000 евра, кои ќе бидат обезбедени од стратешкиот инвеститор, а по негово барање Владата склучува директни договори побарани од заемодавачите за обезбедување на финансирањето без финансиски импликации за Буџетот на Република Северна Македонија.

П.О.

Фото: freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија