26 Ноември, 2024
0.0267

ЕСМ ЌЕ ДОСТАВУВА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ДО ИНВЕСТИТОРОТ - бурни реакции по објавувањето на законите за стратешки инвестиции

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Уште не стартува разгледувањето на законите за стратешките инвестиции, бура од реакции во јавноста, од кои најголемиот дел негативни. Иако станува збор за големи инвестиции, кои треба да ја подобрат енеретската стабилност на земјата, инженерите велат дека се даваат премногу предности на инвеститорите, а за возврат државата не станува сопственик на централите.

Фактор веќе објави дел од деталите во законите, меѓу кои вредноста на инвестициите, гаранциите, можноста Владата биде носител на позајмиците, грантот кој го дава за една од инвестициите...  

ЕСМ ЌЕ ДОСТАВУВА БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ДО АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ

Договорот за проектот АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ, кој треба да никне во општините Петровец, Могила, Неготино, Илинден, Гевгелија и Кичево, на државно земјиште доставен во Собранието открива уште една голема „поволност“ за инвеститорот. За потсетување, овој инвеститор треба да гради постојка која ќе користи соларна енергија, мотори на гас, технологија компатибилна и со водород и батерии за балансирање на мрежата.

Имено, покрај ниската цена за изнајмување на државното земјиште, со Договрот државната ЕСМ ќе биде обврзната да му даде банкарска гаранција на инвеститорот.

-  Акционерското друштво, најдоцна 3 месеци по стапувањето на сила на Законот за АИМ ГРЕЕН ТЕЦХ до стратешкиот инвеститор доставува Безусловна, неотповиклива, револвинг банкарска гаранција (чинидбена гаранција) еквивалентна на 3 месечниот износ од вкупниот проектиран приход од инсталирана електрична и топлинска енергија со што ќе ги обезбеди плаќањата на купувачот врз основа на вкупната вредност на Договор за откуп на енергија од двете фази. Доколку Акционерското друштво не ја достави гаранцијата, должно е да ја покрие материјалната штета (обична штета и изгубена добивка) на стратешкиот инвеститор – пишува во Договорот.

Претходно во договор пишува дека Акционерското друштво (од член 23) е Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ МУ ПЛАЌА 4 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО НА МИТИЛИНЕОС

Митилинеос, постојка која треба да се гради во Гази Баба, добива скоро 50 милиони евра грант од државата, но договорот за оваа инвестиција предизвика бурни реакции од инженерите. Здружението Инженери на Република Македонија упати допис до секој пратеник, со барање да не се даде поддршка на овие закони кои го нарушуваат енергетскиот суверенитет на Македонија.

-  Енергетските проекти можеме и мораме да ги реализираме со сопствени сили. Тие мораат да бидат наши, со цел да се зајакне енергетскиот суверенитет на Македонија, како еден од клучните фактори за државен суверенитет - пишуваат инженерите.

Посочуваат дека со помали ризици и поекономичен приод истите проекти може државата сама да ги реализира.

-  Гасна когенеративна електрана со електрична моќност од 165 MW чини околу 180 милиони евра (според сегашните пазарни цени), а во предлог законот е истакнат износ од 290 милиони евра. За потребите на Митилинеос Владата зема обврска да изгради индустриска зона Енергија Скопје во кругот на Железарница Скопје на плацови што имаат површини од 115.000 м2, а чија вредност на чинење на самите плацови и инфраструктурно уредување за потребите на зоната (пристапни патишта, одводна мрежа за отпадни води, трансформатор, цевководи…., според наша проценка, изнесува околу 20 милиони евра), а кои на стратешкиот инвеститор му се изнајмуваат за симболична цена од само 10 денари/m2, при што Македонија се обврзува да врши одржување и обезбедување на индустриската зона – потенцираат инженерите.

Дополнуваат дека Македонија, а не Митилинеос, по 2030 година ќе има обврска да плаќа околу 25 милиони евра годишно давачка за емисија на СО2.

- Се обврзуваме дури на Митилинеос да му платиме за преземање на 1.000 MWh електрична и 275 MWh топлинска енергија. Македонија годишно ќе губи помеѓу 15 и 35 милиони евра затоа што цените со која Договорот не обврзува да ги купуваме од Митилинеос се за 15 до 35 отсто повисоки од берзанските – се наведува во писмото.

Исто така истакнуваат оти Македонија ќе му плаќа на Митилинеос 4 милиони евра годишно за старт на постројката. Митилинеос добива загарантиран профит над 40 милиони евра годишно без ризик од одлуките на нашиот правен систем, бидејќи со предложениот Закон сите одлуки на Врховниот суд ќе бидат неважечки, а штетите од неговото работење ќе мора да ги плати Македонија.

Појаснуваат дека предвидени се бројни пенали што Македонија ќе треба да му ги плаќа на Митилинеос ако не исполни некоја своја обврска. Според нивни пресметки, Митилинеос ќе има чист профит од најмалку 1,2 милијарди евра за 30 години колку што трае договорот за стратешко партнерство, а по 30 години не мора да и ја врати електраната на Македонија.

Слична реакција имаше и професорот Константин Димитров – Кокан, кој во својата колумна нагласува неколку негативни аспекти на понудениот договоро за оваа инвестиција.

-  Кои се придобивките на граѓаните во Македонија, особено во Скопје, со изградбата на оваа постројка? Ќе купуваме електрична и топлинска енергија со гарантирано количество и со пазарна цена (а можеби и малку поскапо). Ако не ја преземеме од редица причини (перфектно наброени во договорот), пак ќе му платиме како да ја произвел и испорачал. За да биде јасно колку треба да му платиме на овој стратегиски партнер на годишно ниво и за време на периодот за концесија, основната пресметка за споредба е цената на АД ЕСМ и просечната пазарна цена: На годишно ниво, како разлика во цените е сумата од 94 милиони евра. За 30 години, таа разлика е речиси три милијарди евра (2.825 милиони). Timeo danaos ed porta ferentes! – потенцира професрот.

Законите за стратешките инвестици треба да се најдат по скратена постапка пред пратениците во среда. Во меѓувреме денеска е планирана средба на инвеститорите во Влада со владините претставници Фатмир Битиќи и Јован Деспотовски.

Петранка Огнаноска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу