24 Ноември, 2024
0.0290

ДРЖАВАТА НЕ МОЖЕ ДА СИ ГИ ЗЕМЕ 17-ТЕ МИЛИОНИ ЕВРА ОД СЕАТ КОЧАН - имотот е под хипотека, банките си ги бараат парите

Објавено во: Економија 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Има судски пресуди, но недвижностите од одземениот имот кој е стекнат со криминални активности не можат да се продадат и да се вратат парите во државниот буџет, бидејќи врз нив има хипотеки воспоставени од домашните банки.

Првиот човек на Агенцијата за управување со одземен имот, Фатон Асани, за Фактор вели дека ова е голем проблем со кој се соочува институцијата со која тој раководи. Тоа е и главната пречка што одземениот имот не може долг период да се продаде и да се наплатат парите, бидејќи банките тврдат дека имаат право на предимство при продажбата на имотот врз кој е впишана хипотека, па случаите повторно завршуваат во судовите и се остава на тоа секој по свое да толкува како oвие процеси ќе завршат.

„Граѓаните со право од нас очекуваат резултати, односно да го продаваме одземениот имот и парите да се враќаат на државата, но ние не можеме тоа да го сториме, бидејќи тој имот, иако има судски пресуди, е под залог кај банките. И се поставува прашањето кој има предност при продажбата на имотот и наплатата на средствата, односно дали се тоа банките или државата“, објаснува Асани, додавајќи дека според Јавното правобранителство, предност би требало да има државата.

Како што е познато, Агенцијата конфискуваше имот „тежок“ дури 17 милиони евра на некогашниот бизнисмен Сеат Кочан, за кој се најавуваше дека е „капиталец“ во одземениот имот од државата, кој ќе врати значајни средства во државниот буџет, кои, пак, потоа требаше да се свртат на бројчаникот на Триумфалната порта.   

Фатон Асани објаснува дека дури 26 недвижности, како и 204 движни предмети од имотот на Сеат Кочан, меѓу кои околу 100 возила, како и генератори и други движни ствари, и се препишани на државата, во вредност од околу 17 милиони евра.

„Едно е да очекуваме дека тие недвижности треба да се продадат и да се наплатат 17 милиони евра, а друго е што тој имот е под залог кај банките и не може да се наплатат средствата“, објаснува Асани.

Според директорот на Агенцијата, овој проблем со кој таа се соочува се дожи на своевидни законски дупки, кои создаваат нејаснотии и дозволуваат секој по свое да ги толкува работите.

„Овој проблем ќе мора да се реши преку ново законско решение, со кое ќе се утврди дека кога државата одзела нелегално стекнат имот преку криминални активности, таа ќе има предимство при неговата продажба и наплатата на средствата. Правото на државата врз овој имот треба да биде неприкосновено. Односно, ако ние како Агенција сме одзеле имот врз основа на правосилни судски пресуди, тој имот за нас треба да биде ‘готов производ’, односно чиста и јасна пресуда, што значи ние да имаме обврска само да обезбедиме негова продажба и да ги наплатиме средствата, а потоа тие да се вратат на државниот буџет. А не ние, и покрај тоа што имаме правосилни судски пресуди, потоа пак треба да одиме по судови и да се судиме со банките, да се рсправаме со адвокати и да се докажуваме дали ние или банките имаат предност при продажбата на имотот“, објаснува Асани. Односно, според него, судот би требало да ги избрише сите забелешки и прибелешки на имотот пред тој да стигне кај Агенцијата за управување со одземен имот.

Како што објаснува Асани, за имотот Агенцијата да може да го продаде, тој треба да биде чист, а не врз него да има впишана хипотека.

„Во овој случај банката не сака да се тргне од имотот, односно, таа вели, јас си имам хипотека врз имотот и си ги барам парите, однбосно таа не се повлекува. Не би било проблем, дпоколку, на пример, имотот вреди 100.000 евра, а хипотеката на банката е 20.000 евра. Тогаш имаме средства и да се исплати банката со 20.000 евра, и за нас да останат 80.000 евра. Но, тоа ретко се случува, туку вредноста на хипотеката е многу поголема“, вели Асани.

Тој уште еднаш нагласува дека предност треба да има државата.

„Не сме ние виновни што банката дала кредит на некое лице или фирма кои влегле во нелегални активности. Таа потоа нека си го тужи тоа лице, но државата мора да има предност да си ги наплати парите“, вели Асани.

Инаку, кога одреден имот Агенцијата ќе го добие преку конфискација, за да може да го продаде, прво проценка на неговата вредност мора да изврши Бирото за судски вештачења. Таа проценка, пак, има важност од шест месеци, и ако имотот не се продаде и наплати во тој рок, потоа мора да се прави нова проценка.

За тоа дека Агенцијата, кога има чиста пресуда, знае да си ја сработи работата, Асани вели дека доказ е фактот што пред еден месец од продажба на „иста“ недвижност, Агенцијата наплатила 270.000 евра, но станува збор за друг имот, а не за имотот на Сеат Кочан.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА КЛУЧЕН ЕВРОПСКИ САЕМ ЗА ЗЕЛЕНА И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА ВО ИТАЛИЈА

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски