16 Мај, 2024
0.0840

Државни и приватни хотели ќе бидат карантин, таму ќе лежат и притвор оние што бегале

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Владата вчера донела Уредба со законска сила за примена на законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба, која го предвидува следново.

Законот за заштита на населението од заразни болести ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, доколку со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.

За видот на болеста која се пренесува од човек на човек за која при лекувањето се применува мерката строга изолација (карантин), за лицeто на коe му се одредува строга изолација, за одредување на мерката, за објектите за спроведување на мерката и за местото  и за времетраењето на примена на мерката - за време на траење на вонредната состојба се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

За заболени од заразната болест коронавирус COVID-19, при лекувањето се применува мерката строга изолација (карантин) во домашни услови или во здравствена установа, за што одлучува здравствен работник по извршена проценка на тежината на клиничката слика.

На лице кое било или се сомнева дека било во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со коронавирус COVID-19 се применува мерката строга изолација (карантин) во домашни услови (домашна изолација) во времетраење од 14 дена, за што лицето потпишува писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност дека ќе ја почитува мерката, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат донесува решение.

Доколку лицето не ја применува мерката строга изолација (карантин) во домашни услови (домашна изолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14  дена, во објекти определени од Владата, за што Државниот санитарен и здравствен инспекторат  донесува решение.

На лице кое влегува на граничните премини во земјва, а патува од високо, средно или ниско ризични земји утврдено согласно Листата на Светската здравствена организација, му се одредува мерката строга изолација во времетраење од 14  дена, во објектите определени од Владата.  

За времетраењето на мерката строга изолација (карантин), лицето не смее да ја напушта просторијата во која е сместено.

За безбедноста на објектите, и за спроведување на мерката строга изолација (карантин), се грижат Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана- Армијата, кои ги обезбедуваат влезните пристапи во објектот, а доколку објектот е на катови ги обезбедуваат и сите катови.

Припадниците на МВР и на МО - Армијата, кои ги обезбедуваат објектите во кои се спроведува мерката карантин, задолжително носат заштитна опрема.

Трошоците за исхрана и одржување на хигиената во објектите во кои се спроведува мерката карантин за лицата кои влегуваат на граничните премини се надоместуваат од средства од Буџетот на земјава.

Трошоците за исхрана и одржување на хигиената во објектите во кои се спроведува мерката карантин за лицата на кои не ја почитувале мерката строга изолација во домашни услови, се надоместуваат од страна на тие лица.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во вршењето на инспекцискиот надзор заради отстранување на утврдените неправилности има право и обврски да поднесе кривична пријава против лицето доколку тоа своеволно го напушти карантинот пред истекот на неговото времетраење.

Доколку за лицето се определи мерка притвор, истата  се спроведува во овие објектите. 

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

На седницата Владата ја усвоила и Информацијата за расположливи сместувачки капацитети за ставање на лица во државен карантин во хотелските и сместувачките капацитети во сопственост на државата, како и за сместувачките капацитетите во приватните компании што ги ппонудија своите хотели за згрижување на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: „Не постои ни северна, ни јужна Македонија, Македонија е една и е Грција“- грчкиот пратеник Велопулос гневен на тоа како се учи историјата во земјава

ТУКА СУМ, НЕ ОДАМ НИКАДЕ, ЦВРСТО СТОЈАМ НА ПАТОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА! Битиќи замоли да не се шпекулира дека заминува во ВРЕДИ

ТУКА СУМ, НЕ ОДАМ НИКАДЕ, ЦВРСТО СТОЈАМ НА ПАТОТ НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИЈАТА! Битиќи замоли да не се шпекулира дека заминува во ВРЕДИ

ЖИВОТ ЗНАЧИ, АМА ЈА РАСФРЛАМЕ КАКО ЃУБРЕ – во дел од регионите во земјата загубите на вода надминуваат 70 отсто

ЖИВОТ ЗНАЧИ, АМА ЈА РАСФРЛАМЕ КАКО ЃУБРЕ – во дел од регионите во земјата загубите на вода надминуваат 70 отсто

ПАРТИЈАТА НА АПАСИЕВ БАРА ДОНАЦИИ ЗА КАМПАЊАТА: „Ние не сме купени од олигархијата“

ПАРТИЈАТА НА АПАСИЕВ БАРА ДОНАЦИИ ЗА КАМПАЊАТА: „Ние не сме купени од олигархијата“

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ДОНЕСЕН ПАЛЧО ВО ШУТКА: Со четири возила и под силно обезбедување

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ДОНЕСЕН ПАЛЧО ВО ШУТКА: Со четири возила и под силно обезбедување

„КРАЈ СЕКОЈА ДУПКА ВО ПЕКОЛОТ ИМА СТРАЖА, САМО КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМА, ТИЕ САМИ ГО ВЛЕЧАТ НАЗАД ТОЈ ШТО ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ИЗЛЕЗЕ“: Најчевска вели сите ги знаат нејзините принципи но на изборите добила само 1.200 гласа

„НИКО ИМА КАДЕ ОДИ, НО ЧУКНЕТЕ ГЛАВАТА ДЕКА ВО ЦЕЛА МК ИМА САМО 12 КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ“: Во одбрана на Беќаровски застана и адвокатот Јанаки

„НИКО ИМА КАДЕ ОДИ, НО ЧУКНЕТЕ ГЛАВАТА ДЕКА ВО ЦЕЛА МК ИМА САМО 12 КЛИНИЧКИ ТОКСИКОЛОЗИ“: Во одбрана на Беќаровски застана и адвокатот Јанаки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски