18 Декември, 2025
0.2184

„ДРЖАВНИ ПАРИ ЗА СКАПИТЕ МИТИНЗИ НА ВМРО-ДПМНЕ“: Левица обвинува за скандалозен тендер на владиниот генерален секретар Јанушев

Објавено во: Македонија 09 Септември, 2025 09:14

Добивај вести на Viber

Опозициската Левица преку соопштение обвинува дека власта преку државнир есурси сака да ги организира митинзите на партијата.

„Владата на Мицкоски, чиј рејтинг вртоглаво паѓа, периодов преку агресивен предизборен поткуп ги користи сите ресурси на државата за да ги спаси своите функционерски фотелји. Левица обелоденува скандалозен тендер, склучен од амнестираниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, каде под наводен договор за симултан превод, еден милион евра државни пари ќе се потрошат за организирање на скапите митинзи на ДПМНЕ. Скандалозниот тендер од еден милион евра го добива струмичка фирма „СМ АРТ ВИЗ АРТ ДООЕЛ” (во сопственост на Петар Божинов), каде во спецификацијата јасно стои дека се изнајмува опрема за озвучување, микрофони, бубици, монитори, осветлување, дим-машини, проектори, односно целосна опрема за организирање партиски митинзи. Јасно е дека владината служба нема никаква рационална потреба за изнајмување скапа опрема за организирање настани и дека овие државни пари незаконски ќе завршат за организирање на предизборната кампања на најбогатата партија во Европа“, велат од Левица.

Партијата реагира дека е скандалозно што обвинителството молчи и не иницира никаква постапка.

„За Левица е скандалозно што јавното обвинителство молчи пред очигледната предизборна злоупотреба на државни ресурси и не иницира никаква постапка. Дополнително, очигледно е дека тоталитарните методи на владеење на ДПМНЕ повторно ја заробија Антикорупциска комисија, која наместо да го следи однесувањето на државните институции во предизборниот период, истата е само продолжена рака на партијата на Мицкоски. Расипничкото расфрлање со речиси милион евра јавни пари од страна на Владата предводена од Христијан Мицкоски, е јасен доказ за најдрска злоупотреба на државни ресурси за партиски цели. Наместо за училишта, болници и реални потреби на граѓаните, се трошат милионски суми за ДПМНЕ да го спаси својот рејтинг, после една година катастрофално менаџирање на власта“, стои во соопштението на Левица.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје