02 Декември, 2024
0.0349

Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за земјоделство спроведе контроли на компаниите коишто вршат откуп  и преработка на пченица од реколтата 2019-та. Инспекторите од ДИЗ извршија контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. При контролите е утврдено дека компаниите имаат објавено откупна цена и истата се движи од 9 до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа. 

Инспекциските контроли од страна на државните инспектори за земјоделство ќе продолжат со контроли континуирано и во следниот период, и доколку се констатираат неправилности ќе бидат преземени казнени мерки согласно Законските прописи по кои постапува Државниот инспекторат за земјоделство.

Според податоците од Агенцијата за поттикнување и анализите спроведени од Одделението за сметководствени податоци при МЗШВ, во различни региони производната цена на пченицата, базирана врз основа на производните трошоци е различна. Во битолскиот регион производните просечни трошоци за килограм пченица изнесуваат 9,33 денари, во штипскиот регион производната цена е 6,92 денари за килограм а во кумановскиот 8,03 денари за килограм.

Според првичните податоци од подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство жетвата на житните култури е во полн ек. Јачменот во 2019 година е засеан на околу 60.000 хектари. До денеска, се околу 90 % од површините при што е остварен просечен принос од околу 3,5 тони/ха. Пченицата беше засеана на околу 70.500 хектари и до денеска се ожнеани се околу 40% од засеаните површини со остварен просечен принос од околу 3,6 тони/ха во зависност од регионот. 

Оваа година се очекува производство од пченица да се  движи од 240.000 до 250.000 тони или за околу 4% поголемо производство од 2017 година.

Пред почетокот на жетвата во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, беа одржни состаноци на Потсекторската работна група за жита во којашто членуваат претставници од стопанските комори, земјоделски здруженија и од секторите од МЗШВ. Агенцијата за стокови резерви минатата недела го објави јавниот оглас за набавка на 7.165 тони меркантилна пченица за обнова на потребите на стоковите резерви, што во овој период ќе влијае позитивно на пазарот на пченица во делот на зголемување на откупната цена.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.