18 Декември, 2025
0.0752

ДРЖАВНИТЕ РЕВИЗОРИ МУ СЕ НАЛУТИЈА НА АНТИКОРУПЦИОНЕР, ОСТАР ДЕМАНТ - на телевизија рекол дека ДЗР цели 13 години не направил ревизија на работењето на Владата

Објавено во: Македонија 06 Септември, 2022 15:03

Добивај вести на Viber

Од Државниот завод за ревизија му се налутија на член на Антикорупциска комисија, кој на телевизија рекол дека цели 13 години не ја контролирале Владата. Затоа до сите медиуми испратија демант на неговото тврдење, за кое велат дека е целосно неточно и тенденциозно.

„Државниот завод за ревизија како Врховна ревизорска институција во државата, препознатлива по принципите на транспарентно, отчетно и објективно информирање на јавноста и сите засегнати страни, чувствува обврска да даде појаснување во однос на дадената изјава од претставник на Државната комисија за спречување на корупцијата за дневникот на МРТ 1 на 05.09.2022 година. Изнесениот податок, дека цели 13 години Државниот завод за ревизија нема извршенo ревизија на Владата на РСМ е податок кој е неточен и тенденциозен. 

Државниот завод за ревизија согласно законските надлежности, човечките и материјалните ресурси со кои располага за вршење на ревизија, секоја година на транспарентен начин ја носи Годишната програма за работа на ДЗР, без пристрасност и ослободена од влијание од законодавната и извршната власти и истата јавно ја објавува на својата веб страница. Во зависност од видот на ревизијата, на објективен и вистинит начин, Државниот завод за ревизија дава мислење за различни сегменти и области од работата на Владата на РСМ. Во тој контекст сакаме да ја информираме јавноста за извршените ревизии во кои е опфатена Владата на РСМ“, велат од ДЗР, и ги наведуваат сите ртевизии кои досега се извршени.

Додаваат дека државниот завод за ревизија, применувајќи ги меѓународните ревизорски стандарди во своето работење, континуирано обезбедува квалитетно работење со што го задржува епитетот на независен и професионален партнер со висок интегритет кој истовремено е носител на напредокот во управувањето со јавните средства, отчетноста и транспарентноста во истите.

Повеќе детали од ДЗР на овојк линк. 

Можеби ќе ве интересира

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција