05 Декември, 2025
0.0346

Државата ќе помогне пченицата да не биде под 11 денари

Објавено во: Агробизнис 01 Јули, 2016 12:32

Добивај вести на Viber

Секој земјоделец што го пријавил производството на пченица ќе добие по 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм дополнителна субвенција.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска најави дека ова е една од мерките со кои државата ќе им помогне на производителите да добијат по минимум 11 денари за килограм лебно жито од годинашната реколта. Мелничарите деновиве најавија откупна цена од најмногу осум денари.

„Обезбедивме 80% субвенции за складирање на 30.000 тони пченица, од кои 15.000 во Прилеп и уште толку во „Жито Вардар“. Тоа значи дека земјоделците ќе треба да плаќаат по само 12 денари месечно зашто чувањето на лебното жито е 60 денари за тон“ - вели Цветков. Според него, цената на пченицата, како и на секој друг земјоделски производ, ќе ја дефинира пазарот.

Министерството ќе интервенира и со помош за складирање на пченицата што ќе ги намали количините на пазарот, а тоа  последователно ќе ја зголеми цената.

Нова средба меѓу мелничарите и производителите на пченица ќе има в понеделник.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?