02 Декември, 2024
0.0248

Државата увезува кромид, а домашното производство ни скапува по шупите!

Објавено во: Агробизнис 09 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Земјоделците се жалат дека државата увезува кромид, а скоро 5000 тони од годинашно производство скапуваат по дворовите и во шупите. Како што посочуваат производителите на кромид од прилепското село Бела Црква, дека секое семејство има загуба од околу 4.000 евра, пренесува телевизијата Телма. Секоја година се повторува истиот проблем велат земјоделците, а надлежните институции не реагираат, додека откупната фирма во селото повеќе не откупува кромид затоа што нема пласман на странски пазари, се жалат земјоделците. Откупувачите пак причините за оваа состојба ги лоцираат во ресорното министерство. „Кромидот не е заштитен како бренд, не се субвенционира, ако би се субвенционирал со два до три денари, би имале поголеми побарувачки надвор од државата, мислам дека оваа вина е комплетно од Министерството за земјоделство“, обвинува Рубин Шефтероски, откупувач во селото, Бела Црква. Годинава, производството на кромид во Бела црква е намалено за 80 проценти во однос на лани, токму поради отсуство на организиран пласман и помош од државата, велат производителите.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.