17 Јануари, 2025
0.0882

Државната компанија ЕЛЕМ ќе ја преземе работата на Топлификација?

Објавено во: Економија 15 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Според, засега непотврдени информации до кои дојде Фактор, државните електрани се пријавиле на јавниот оглас на Регулаторната комисија за енергетика за добивање лиценца за производство на топлинска енергија. Рокот за пријавување на огласот на регулаторната комисија за енергетика истече вчера во 16 часот. Регулаторите вчера потврдија дека примиле апликација од Топлификација „Дистрибуција на топлина“ и „Балкан Енерџи груп“. Според наши информации, компанијата „Балкан Енерџи Груп“ се јавила на огласот за сите три лиценци, Топлификација само за делот дистрибуција, додека според последните информации Државните електрани се јавиле на огласот за добивање лиценца за производство на топлинска енергија. Доброупатени извори за Фактор велат дека ЕЛЕМ се јавиле на огласот како бекап варијанта за „Балкан Енерџи Груп“, бидјеќи компанијата иако конкурирал на огласот сепак, според непотврдени информации немала доволен број на вработени за да ја извршуваат целата работа за која пројавиле интерес по однос на огласот. Во понеделник се очекува регулаторот официјално да ги соопшти имињата на компаниите кои се јавиле на огласот. Конечната одлука ќе биде донесена до крајот на месецов, односно до крајот на календарската 2012, велат од Регулаторната комисија за енергетика. Скопје нема да остане без парно греење Парно греење ќе има потврдија вчера од Топлификација. Долгот кој компанијата го направила кон Макпетрол до 30 ноември е платен. Останатиот дел ќе се плаќа сукцесивно. „До 20 јануари ќе се раздолжи целосно за количина на гас и мазут која ќе ја набави до крај на годинава „Граѓаните нема да останат без греење“ изјави Драган Макенаџиев, Топлификација. УО на компанијата вчера заседаваше испракајќи ценовно чуствителна информација на Македонска берза. „Во последните шест години компанијата реализираше најсовремен систем за управување со топлинските станици во регионот. Имајќи го в предвид и фактот дека дистрибуцијата на топлинска енергија е најсуптилна дејност во топлификационите системи, УО на Топлификација одлучи друштвото за дистрибуција на топлинска енергија да конкурира само за добивање на лиценца за оваа енергетска дејност“, стоеше во информацијата која Топлификација ја објави на Македонска берза, како ценовно чуствителна информација. За лиценцата производство на топлина, Топлификација во моментот нема финасиски капацитет, а додека за лиценцата снабдување со топлинска енергија, која во моментов ја имаат трите друштва за снабдување со топлинска енергија формирана од Топлификација останува обврската истите друштва да ја вршат дејноста и во следниот период, доколку нема заинтересирани субјекти, стоеше во соопштението на Топлификација. Топлификација се раздолжи и на Макпетрол Макпетрол преку писмено соопштение потврди дека ќе продолжат со испорака на мазут и природен гас. Во последниве три дена Топлификација АД Скопје плати вкупно 165 милиони денари или 2,6 милиони евра за испорачаните количини мазут и природен гас, со што го намали долгот на 67 милиони денари или 1 милион евра. Макпетрол АД Скопје ќе продолжи со редовно снабдување на Топлификација АД Скопје, но истовремено ќе ги следи дневните испораки на енергенси кон Топлификација и дневните уплати од страна на Топлификација кон Макпетрол, бидејќи проблемот со финансирањето на Топлификација не е трајно решен. И.М.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја