08 Декември, 2024
0.0330

„ДУИ 20 ГОДИНИ ПРИДОНЕСЕ ДА СЕ ИСПРАЗНИ КУМАНОВО ОД АЛБАНЦИ“: Вреди со остра критика „без надеж дека еден ден ќе биде добро“

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Коалицијата „Вреди“, кои се дел од владејачкото мнозинство, денеска со остра реакција кон лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, но и кон останатите партии кои се дел од опозициската коалиција заедно со ДУИ.

Во отсуство на внатрешни кадровски и програмски реформи и за одржување на кондиција нивните мал број на гласачи кои што се очајни и изморени НЕдемократската Унија за ДЕЗинтеграција и сателитите на оваа партија, Зиадин Села, ја започнаа операцијата за поделба на нивните патишта.

Едниот организира половично полни сали, а другиот избира што помали простории и изнесува безвредни мислења дека институциите во нивните очи се гледаат како воен плен кој може да се бара за избори кога ќе им текне! - пишуваат во нивното соопштение испратено до медиумите. 

Според „Вреди“, ДУИ го носи печатот на неуспехот во Куманово. 

- Али Ахмети повеќе од 20 години го користеше Куманово како полигон за своите експерименти и за одржување на удобноста на својата фотелја.

Каде беше ДУИ, кога се случи Сопот, да ги заштити Кумановците? Каде беше ДУИ кога гореше Диво Населје?
Смртта на Реџаил Ќерими го носи и печатот на ДУИ каде дури и супер вештачењето докажа дека тој не е виновен во случајот Алфа. 

Каде беа Ахмети и ДУИ да се борат за неговиот поранешен соборец да ги добие правдата и слободата? - паршуваат од „Вреди“.

Но тие не затануваат тука, туку напротив бараат правда и за малиот Алмир кој загина во Куманово. 

Каде беше Ахмети кога малиот Алмир беше усмртен од Бобан Илиќ во Куманово и делото преку ноќ од убиство со умисла се претвори во сообраќајна несреќа со смртни последици?

ДУИ 20 години придонесе енормно да се испразни Куманово и околината од младите Албанци без надеж дека еден ден ќе биде добро - нагласуваат од „Вреди“. 

Потоа навраќаат на уште еден пример. 

- ДУИ 20 години ги лажеше родителите, професорите и учениците дека ќе ја градат гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово. Тоа не се случи две децении, додека коалицијата ВЛЕН не ја разбуди локалната власт, за веднаш да започне процесот на изградба на ова училиште - велат од владејачката коалиција. 

Воедно од „Вреди“ се осврнува на други значајни сегменти, како што е договарањето владина коалиција. 

Собата 161 им стана кошмар, во треска се да не се појават СМС пораките во јавноста како доказ за нечесните понуди што ги имаа да влезат во Влада на местото на ВРЕДИ со половина министерства, без спикерот на Собранието и со ветување за поддршка на терен да се изберат Македонци за градоначалници на општините во Струга и Кичево на локалните избори во 2025 година. Објавувањето на овие постоечки сведоштва го означува крајот на оваа застарена политичка елита.

Коалицијата ВЛЕН смета дека наместо предвремени избори, е идеално време за одговорност за досегашното лошо владеење. ВЛЕН е ПРОМЕНАТА за Албанците! - истакнуваат на крајот од соопштението од коалицијата „Вреди“.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗАБРАНА ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: снегот повторно прави проблеми

ЗАБРАНА ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: снегот повторно прави проблеми

Божиновска: Силата на еден народ лежи во писменоста, културата и духовноста – да го чуваме аманетот на Свети Климент Охридски

Божиновска: Силата на еден народ лежи во писменоста, културата и духовноста – да го чуваме аманетот на Свети Климент Охридски

ДОДЕЛЕНИ ДРЖАВНИТЕ НАГРАДИ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - највисоко признание за долгогодишните остварувања

ДОДЕЛЕНИ ДРЖАВНИТЕ НАГРАДИ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ - највисоко признание за долгогодишните остварувања

ЦУК: СТАРО И НЕПОДВИЖНО ЛИЦЕ ОД СЕЛО ВИДОВИШТЕ БАРА ПОМОШ - три дена бил без храна и вода

ЦУК: СТАРО И НЕПОДВИЖНО ЛИЦЕ ОД СЕЛО ВИДОВИШТЕ БАРА ПОМОШ - три дена бил без храна и вода

АХВ ИЗРЕЧЕ 13 САНКЦИИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОДРЕБИ - 4 кујни во приватни градники не ги почитувале одредбите

АХВ ИЗРЕЧЕ 13 САНКЦИИ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ОДРЕБИ - 4 кујни во приватни градники не ги почитувале одредбите

„Овие техники на политички закани и прогон нема да успеат“: ДУИ со ракција „не можете никого да исплашите“

„Овие техники на политички закани и прогон нема да успеат“: ДУИ со ракција „не можете никого да исплашите“

„Сирија беше пример за култура и образование во тој регион“: Латас со посебна порака „чувајте ја својата држава“

„Сирија беше пример за култура и образование во тој регион“: Латас со посебна порака „чувајте ја својата држава“

„ФИГУРА КОЈА ГО ОСВЕТЛИ ПАТОТ НА МНОГУ ЛУЃЕ“: премиерот Мицкоски со честитка по повод празникот

„ФИГУРА КОЈА ГО ОСВЕТЛИ ПАТОТ НА МНОГУ ЛУЃЕ“: премиерот Мицкоски со честитка по повод празникот

„МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА“: професорката Груевска со остра реакција - „мир ќе има само ако терористите се на власт“

„МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА“: професорката Груевска со остра реакција - „мир ќе има само ако терористите се на власт“