26 Ноември, 2024
0.0299

ДУИ бара повеќе функционери затоа што освоила повеќе пратеници

Објавено во: Македонија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Една од причините зошто не може да дојде до побрз договор помеѓу ДУИ и СДСМ за формирање на ново владеачко мнозинство е тоа што „Интегративците“ бараат повеќе функционери во Владата и во другите извршни органи со изговор дека по предвремените парламентарни избори сега имаат повеќе пратеници во однос на претходните од 2016-та.

„Во однос на прашањето за премиер Албанец, засега кружат само шпекулации од партиските кулоари. Според едни, ДУИ наводно инсистирала на моделот 3 години премиер од СДСМ, една од ДУИ, а наводно се разговарало и околу редоследот (кој прв да ја презеде премиерската палка). Според други, тоа барање било во сенка на разговорите за зголемена партиципација во власта на кадри од ДУИ, соодветно на изборните резултати“, велат информациите на кои се повикува Дојче Веле.

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат, според последното соопштение, кое е слично и на претходните. Во својот допис тие инсистираат дека не треба да има национализам и дека тој е поразен. Останува да се види дали Социјалдемократите ќе го прифатат барањето од ДУИ за ротационен премиер, односно три години плус една, како што пишуваа медиумите.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик