18 Декември, 2025
0.0606

ДУИ БАРА ЗАСТАПЕНОСТ И ВО НЕВЛАДИНИТЕ: Реагираат дека во МОК практично ги немало Албанците

Објавено во: Македонија 14 Август, 2025 11:02

Добивај вести на Viber

Демократската унија за интеграција преку соопштение вели дека изразуваат длабока индигнација и силно противење на новиот состав на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, со став дека Албанците биле речиси целосно исклучени од раководните и одлучувачките структури.

„Од вкупно 117 членови, само четворица се Албанци, шокантен показател за дискриминаторски пристап што е неприфатлив за една мултиетничка и европска држава. Уште поалармантна е целосната отсутност на Албанците во клучните органи:
• Управен одбор: 0 Албанци од 11 членови.
• Олимписки совет: 0 Албанци од 11 членови.
• Спортски арбитражен суд (САС): 0 Албанци.
• Комисија за етика: 0 Албанци.
• Комисија на спортисти: само 1 Албанец од 6 членови.
• Комисија за маркетинг: само 1 Албанец од 6 членови.
• Спортска дирекција: само 1 Албанец од 5 членови.
• Собрание на ОКСМ: само 1 Албанец од 25 членови со право на глас.
Во поголемиот дел од останатите комисии: правна, дисциплинска, родова застапеност, параолимписки игри, наука и спорт, антидопинг, финансии, е-спорт, надзорен одбор и комитет за дијаспора, застапеноста на Албанците е нула“, велат од ДУИ.

Оттаму соопштуваат дека ова било јасна слика на исклучувачки менталитет што според нив е спротивно на духот на Охридскиот договор, на принципите на еднаквост и на стандардите на демократските држави. 

„Спортот треба да обединува, а не да разделува; да гради мостови, а не етнички бариери. ДУИ бара итно преиспитување на овој состав и обезбедување на пропорционална застапеност на Албанците на сите нивоа на Олимпискиот комитет. Секоја одложување или избегнување претставува удар врз еднаквите права и опасен чекор наназад за меѓуетничката стабилност во земјата. ДУИ останува решителна да ја брани еднаквоста и духот на Охридскиот договор, во секоја институција и во секоја област на животот – вклучувајќи го и спортот“, стои во соопштението на партијата.

Можеби ќе ве интересира

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска