ДУИ добил предлог од СДСМ за албанскиот јазик?
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2017
Од „Демократската унија за интеграција“ (ДУИ) потврдија дека добиле понуда за албанскиот јазик од партијата на Зоран Заев, но одбија да појаснат дали такви биле упатени и до другите барања од платформата на албанските партии, пишува „Дневник“.
„Еден материјал за преговори за формирање влада е испратен до ДУИ. Во него се зборува за нашите и нивните програмски обврски и дали двете програми да се усогласат на ниво владина програма. Не би го прогнозирал рокот за евентуален договор. Но очекуваме ДУИ во најскоро време да се изјасни, бидејќи, освен со ДУИ се потребни усогласувања со уште две партии“, објаснуваат од СДСМ.
Социјалдемократите не прецизираат дали и на кое ниво се одржуваат состаноци со „Беса“ и „Алијанса за Албанците“, но уверуваат дека се во постојан контакт со нив. Од ДУИ исто така не откриваат детали.