05 Декември, 2025
0.4639

ДУИ ја има најзначајната енергетска компанија - Што работи МЕР?

Објавено во: Анализа 23 Март, 2018 07:38

Добивај вести на Viber

Се случи преседан во политичките пазарења на македонската политичка сцена. За прв пат албанска партија доби енергетска компанија. Станува збор за потенцијално најважната енергетска компанија „Македонски енергетски ресурси“ компанија што го гради и ќе управува со националниот гасоводен систем во кој во тек се инвестиции во вкупна вредност која надминува 90 милиони евра. МЕР располага со капитал вреден над 140 милиони евра и со оглед на значењето на гасот како енергенс повеќе од сигурно е дека наскоро ако се биде по план МЕР ќе стане многу важна државна компанија

Бајрам Реџепи го замени Благојче Котески на позицијата извршен член на Македонски енергетски ресурси, државната компанија што ќе управува со националниот преносен гасоводен систем. Ова е објавено на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Одборот на директори на МЕР оваа одлука ја донел на 8 март откако претходно Владата кон крајот на февруари одлучила МЕР да го отстапи на кадар на коалицискиот партнер ДУИ. Благочје Котевски со МЕР директоруваше само 6 месеци.

МЕР – државната фирма во која бруто платите за една година пораснале 46 отсто!

Бруто платите и надоместоците на вработените во државната компанија за стопанисување со гасоводот  „Македонски енергетски ресурси„ (МЕР) во 2016 година пораснале за 46 отсто, пишува во финансискиот извештај на независниот ревизор. Покачувањето на бруто платата за 46 отсто доаѓа во годината во која акумулираната загуба на таа фирма стана поголема односно го изеде основачкиот капитал. Според официјалните податоци акумулираната загуба на крајот на 2016 година достигна 31,56 милиони денари, а акционерската главнина е 29,4 милиони денари. 

Што работи МЕР?

Според податоците од извештајот МЕР е инвеститор, со поддршка на Владата, и гради гасоводни делници за магистралниот гасоводен систем во земјава. Компанијата го гради магистралниот гасовод од кумановско Клечовце (блок станица 5 и гасовод кон Штип и краци кон Неготино и Битола. Овој голем проект за гасификација на земјава е финансира со донации од Владата, со кредит од германските Дојче банк и Ерсте банк како и со средства од акредитив со Руската федерација со кој се компензира стар долг на руски фирми спрема Република Македонија. Според извештајот до крајот на 2016 година се вложени 3,4 милијарди денари во делницата на гасоводот Клечовце – блок станица 5 и тие се обезбедени од акредитивот со Руската федерација. Владата донирала околу 837 милиони денари во проектот Клечовце блок станица 5 наменети за сервисирање на обврски кон добавувачи.

За новите проекти кон Штип, Неготино и Битола како и за гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар се наменети 90 милиони евра од двете германски банки. Според извештајот лани од тие средства биле финансирани активности во вредност од 1,4 милијарди денари односно 22,77 милиони евра.

Владата вложи 1,039 милиони евра во 10.390 акции со право на глас во државната компанија Македонски енергетски ресурси (МЕР). Докапитализацијтата е реализирана со петта емисија на акции во која сите акции во приватна понуда ги откупи Владата. Според најновите официјални податоци достапни на веб страницата на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) МЕР е акционерско друштво со вкупно 15.176 акции. Ова значи дека пред уписот на акциите од петтата емисија МЕР имал 4.786 акции и дека со последниот процес неговиот акционерски капитал е зголемен за повеќе од два пати. Регистрацијата на новите акции во ЦДХВ е извршена на 24 јануари годинава.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?