20 Декември, 2025
0.0664

ДУИ: Не е важно кој го уриваше – важно е кој го постави споменикот на цар Душан

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2013 22:14

Добивај вести на Viber

Не  е важно кој го уривал, туку важно е кој го постави споменикот на цар Душан, истакна денеска пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети во Собранието. Јавноста не треба да се грижи за вандализмот на нејзините сопартијци, посочи таа, туку треба да каже кој го поставил споменикот. За Мехмети, високите функционери на ДУИ кај оштетениот споменик на цар Душан во петокот дошле за да ги смират страстите и да се избегне ескалација на ситуацијата. „ Целата контроверзност околу поставувањето на овој проблематичен споменик на Мостот на цивилизациите почна во моментот кога никој не доби информација ниту кој е нарачателот, ниту кој е извршителот ниту кој е поставувачот на таквата фигура на мостот. Нема јасен одговор, кој, кога, зошто, го постави тој споменик. Мислам дека јавноста не треба толку да се грижи кој го уривал споменикот, поважно е кој го поставил тајно“, рече Мехмети. Реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму сметаат дека наметнувањето дебата околу процедурата на поставувањето не смее да стане алиби и оправдување за вандализмот и да затскрие нечие нецивилизирано однесување. „Споредбата со други случаи низ светот е неприфатлива, а сигурни сме дека во таквото тврдење не веруваат ниту тие што го кажуваат. Во Македонија живеат повеќе етнички заедници и ние сите сме должни да ги почитуваме културните и националните обележја на останатите заедници, затоа што постапување со вандализам кон едни ќе повлече вандализам и кон други“, сметаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Според опозициската ДПА, однесувањето на ДУИ го нарече акција „Токмак“ . Од ДПА обвинуваат дека ДУИ и натаму поддржува, како што велат, антиалбански проекти.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии