ДУИ OTKAKO ПОМИНА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ДАУТИ: Oваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025 19:15
Во ДУИ се револтирани откако денеска во Собранието е изгласана интерпелацијата за Илире Даути.
Според нив, парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт, разрешувајќи ја Илире Даути од функцијата претседателка на Комисијата за социјална политика. За ДУИ оваа одлука не е ништо друго освен директен удар врз Охридскиот договор и обид за негово поткопување на секој можен начин.
„Наместо да работи на единство и еднаквост, оваа влада дејствува со логика на исклучување и реваншизам. Ова е јасна порака дека Албанците во оваа држава сè уште се сметаат за граѓани од втор ред и дека нивната жртва за еднаквост никогаш нема да биде признаена од власт што е заробена во минатото. ВЛЕН, како и досега, совршено ја одигра улогата на покорен слуга, одобрувајќи и молчејќи пред овој срамен чин. Ова уште еднаш докажува дека тие не се претставници на интересите на Албанците, туку слуги на оние што сакаат да ги поткопаат нашите колективни права“, велат од ДУИ.
Законот го поднесе пратеничката Славјанка Петровска која, како и останатите пратеници од СДСМ и коалицијата, денеска не беше ни на интерпелацијата на Даути, ниту на интерпелациите на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик, ни на таа против вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоиљковиќ.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




