ДУИ со експанзија во угостителството
Објавено во: Економија 29 Март, 2024
Сопругата на министерот за економија Крешник Бектеши, Улка Каба Бектеши, ќе биде сопственичка на угостителски објект на булеварот „Ослободување“, главната и најпрометна артерија во Кичево.
Сопругата на министерот од Кичево заедно со својата сограѓанка Албулена Ризмани Далипи од пред неколку дена го формализирале отворањето на „Фреш 2019“ со адреса на „Булевар Ослободување бр.54“ со дејност „ресторани и останати објекти за послужување на храна“.
Инаку е речиси невозможно да се минува низ Кичево без да се движите по оваа улица во чија близина се наоѓа полициската станица. Во последно време на овој булевар има најмногу градежни инвестиции во градот и новоотворени угостителски објекти.
Во последните денови од 2022 медиумите објавија дека Улка Каба Бектеши е вработена во Агенцијата за остварување на правата на заедниците, институција под директна ингеренција на Владата.
Пред околу пет години беше објавено дека во правната служба во МЕПСО се вработила и неговата сестра. Тогаш министерот порача дека таа не живеела со него и дека, како и сите други, има право да бара работа.
Инаку ова не е прв обид на сопруга на функционер на ДУИ да започне бизнис во угостителството. Нергис Муча, сопругата на Ардијан Муча, висок функционер на ДУИ Чаир и комерцијален директор на АД ЕСМ, на крајот на минатата година е коосновач на ресторанот „Трибека“ на „гурманската авенија“ во „Дајмонд Мол“ во Скопје. По извесно време сопругата на Муча се повлекува од сопствеништвото.
Угостителството, како сектор, заедно со градежништвото и текстилната индустрија, имаат наголема стагнација во растот на платите, па можеби блиските на функционерите на ДУИ ќе дадат свој придонес во неговиот развој.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.