18 Декември, 2025
0.0466

ДУИ со писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово пред одлуката на Уставен суд

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2024 11:44

Добивај вести на Viber

ДУи упати уште едно писмо до меѓународната заедница, но и до Албанија и Косово, дека со одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците е загрозен мултиетничкиот карактер на државата.

„Додека се наближува денот на одлуката на Уставниот суд за преиспитување на Законот за јазиците, Демократската унија за интеграција (ДУИ) уште еднаш предупредува дека ова ќе биде најголемиот удар врз мултиетничкиот карактер на нашата држава.

Таквата одлука би претставувала последниот клинец во ковчегот на Охридскиот рамковен договор и директна закана за меѓуетничката хармонија што ја гарантира овој договор“, пишува во апелот.

Повикот е упатен до меѓународната заедница, САД, НАТО и ЕУ како гарантори на Охридскиот договор, до граѓанското општество, како и до Република Албанија и Република Косово.

ДУИ бара тие итно да реагираат „против оваа опасност која му се заканува на духот и достигнувањата на Охридскиот договор“.

„Не можеме и не смееме да дозволиме самиот темел на мировниот договор да биде доведен во прашање. Ова е линија што не треба и не смее да се премине!

Албанците се длабоко вознемирени и разочарани од овие обиди да се врати државата назад, во време кога заедничката цел треба да биде напредок кон праведно и инклузивно општество.

Демократската унија за интеграција ќе ги искористи сите демократски и меѓународни механизми за да ја спречи оваа опасна одлука и да ги заштити правата на Албанците и на сите граѓани на државата. Темелот на мирот и соживотот не е само договор на хартија; тој е гаранција за нашата заедничка иднина.

ДУИ останува решена да ја брани оваа линија со сите демократски и законски средства. Секој обид за нарушување на правата, стекнати со големи жртви, ќе се соочи со најостро противење од секој граѓанин кој верува во мир, правда и еднаквост!“, велат од ДУИ.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје