20 Декември, 2025
0.0414

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2024 14:22

Добивај вести на Viber

ДУИ го обвини министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека уапсил лице со метнална попреченост за палењето на автомобилите и еден деловен објект во Куманово, по поднесената иницијатива за негова интерпелација во Собранието.

„Ова е истиот министер кој, ден пред да биде уапсен лице со ментална попреченост како автор на палењето на автомобилите во Куманово, јавно изјави дека има „оперативни податоци“ за високоорганизирана и софистицирана група што стои зад нападот. Како може да му се верува на министер кој докажа неспособност да се справи со едноставни ситуации и кој постојано шири невистинити информации?“, обвини ДУИ.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека го лишиле од слобода триесет и петгодишниот Ф.А.(35) од Куманово кој се сомничи дека на 02.12.2024 опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект во Куманово.

„Ф.А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Како што јавија медиумите, вечерта на (1 декември)во Куманово се случиле неколку пожари. За еден од нив, прв на фејсбук информираше членот на Советот на Општина Куманово, Фитор Јакупи кој напиша дека му изгорела неговата приватна канцеларија.

Еден од запалените автомобили беше на јавниот обвинител Џелал Бајрами. За палењето на автомобилот тој се огласи јавно со очекување дека сторителите ќе бидат бргу пронајдени. Од ДУИ реагираа дека пожарите биле подметнати.

„Сега, истиот министер се осмелува да дава неодговорни изјави со вклучување на поранешен градоначалник од ДУИ во организацијата на инцидентите на Денот на знамето, без никакви конкретни докази, само за да ги прикрие неговите неуспеси во управувањето со јавната безбедност и драматичниот раст на криминалот во земјата. Ги потсетуваме граѓаните дека овој министер нема да се памети по безбедноста што ја обезбедил, туку по бројот на банди кои одзедоа животи во земјата за време на неговиот мандат.

Граѓаните не треба да бидат изманипулирани од вакви ниски манипулации. Фактите говорат сами за себе: овој министер покажува целосен неуспех да ја заштити безбедноста на граѓаните и да го зачува јавниот ред. Тој нема никаков кредибилитет да зборува за вакви прашања, а уште помалку да обвинува без основа луѓе кои немаат никаква поврзаност со овие настани“, додаваат „Интегративците“ во своето соопштение.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки