Дури во 80 отсто од случаите дијабетот се должи на прекумерната телесна тежина
Објавено во: Мои пари 12 Април, 2023 12:41
Храната денес е присутна речиси на секој чекор, и тоа релативно евтина и калорична. Вака достапната храна ни овозможува да внесуваме 2 до 3 пати повеќе калории од дневните потреби. Нејзината достапност, високото ниво на преработка и нејзината калоричност придонесуваат за појава на низа здравствени проблеми, пред сè – прекумерна тежина, која често оди рака под рака и со дијабетот.
Според некои студии, дури 80-85% од вкупниот ризик за појава на дијабет се должи на прекумерната телесна тежина која може да го наруши ефектот и синтезата на инсулин во телото. Во некои случаи, се создава значително количество инсулин, но тоа сепак не е доволно за да одговори на потребите на организмот, па доаѓа до покачени нивоа на шеќер во крвта.
Телесната тежина и компликациите од дијабетот
Се смета дека намалување од само 5% на телесната тежина, придонесува за значително помал ризик за појава на компликации кај лицата со дијабет тип 2.
Доколку намалувањето на телесната тежина е доволно значително, дијабетот тип 2 може да се доведе до ремисија - односно да дојде до враќање на оптимална, здрава функција на инсулинот и одржување на шеќерот во крвта во препорачаните граници. На овој начин понекогаш може да дојде и до исклучување на терапијата во целост. Дополнително, слабеењето го олеснува и секојдневниот живот и извршувањето на обврските. Нашето спиење ќе се подобри, нивото на енергија ќе се зголеми, а ќе бидеме и во подобро расположение. Сето ова може да придонесе кон уште полесно губење на остатокот на вишок килограми, бидејќи и физичката активност и движењето дополнително ќе се олеснат.
Намалувањето на телесната тежина може да влијае позитивно врз дијабетот и преку:
- зголемување и подобрување на инсулинската сензитивност,
- подобри резултати при мерењето на тромесечниот шеќер,
- намалување на притисокот и нивото на холестерол во крвта (добро познати здравствени проблеми кои често одат рака под рака со дијабетот тип 2),
- намален ризик за кардиоваскуларни заболувања,
- намален ризик за спиечка апнеа.
Здравата исхраната, е еден од првите чекори коишто треба да се преземат, како и здравите животни навики, кои вклучуваат редовна физичка активности и здраво спиење. Избегнувањето на процесирана храна, која содржи додадени и скриени шекери, како гликозен (пченкарен) сируп, или пак т.н. хидрогенизирани масти кои се познати и како транс-масти, е исто така важно за здравјето.
Лист од бела дудинка за регулирање на шеќерот и полесно слабеење

Покрај водењето сметка за разновидноста на исхраната и рамномерниот внес на хранливите материи, природата ни дарила и многу билки и растенија кои имаат посебни својства коишто придонесуваат за регулирање и нормализирање на шеќерот во крвта.
Според повеќе клинички истражувања, екстрактот од лист на бела дудинка значително го намалува гликемискиот индекс на внесената храна и тоа со само една доза од 250mg. Најдобриот ефект е забележан кај малтодекстринот, полисахарид од пченкарниот скроб, каде ГИ (гликемискиот индекс) се намалил за дури 55%. Други студии покажуваат дека овој екстракт го намалува нивото на глукоза по јадењето за 42%, што понатаму води кон намалување на инсулинските нивоа за 41%.
Како резултат на пониските нивоа на инсулин, телото полесно ги „согорува” резервните маснотии и го намалува претворањето на глукоза во масно ткиво. На овој начин, екстрактот од листот на белата дудинка индиректно помага и во процесот на слабеење.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




